ЗА НАС
Олпео нуди избор од над 200 производи од 11 корејски брендови: COSRX, Klairs, Benton, iUNIK, Lapothicell, Aromatica, Langsre, Blossom Jeju и други, како и домашнит бренд за природна козметика, Данини кои по своите карактеристики се вклопува во концептот за нега. Може да најдете голем број карактеристични производи кои потекнуваат од Азија и добиваат сè поголема попу- ларност во светот, веќе прифатени од европските и американските брендови кои започнуваат со нивно производство, а тоа се специфичните ББ креми, ББ пудри со перниче, ноќни пакувања, ноќни маски, пенливи маски со кислород, емулзии, тонери, лист-маски, масла за чистење, есенции, креми за порцелански тен и т.н. За нив е карактеристична богатата концентрација на активни состојки како пептиди, церамиди, бета-глукан, ферменти, ниацинамид, аденозин, бисаболол, алантоин, слуз од полжав, пчелин отров, хијалуроска киселина, расителни екстракти, витамин Ц, витамин Б, витамин Е и др. Тоа е козметика инспирирана од традицијата и природата и не содржи состојки кои му штетат на здравјето. Многу од производите имаат уникатни рецепти кои значително ја подобруваат состојбата на кожата. Според корејската филозофија за нега, кожата не треба да се третира само на површината, туку со континуирана нега се настојува да се задржи нејзината здрава структура одвнатре. Корејската козметика го става акцентот на чиста и здрава кожа, која е добро хидрирана и нахранета. Во Кореја има голем број на истражувачки центри кои работат на откривање на нови, поделотворни формули за нега на кожата и овие откритија се применуваат во производството на козметиката.
K-beauty иако на светската сцена влегува како забавен трендовски новитет, брзо ја зацврстува својата позиција, бидејќи се заснова на сериозна филозофија во пристапот кон негата на лицето. Овој пристап не зависи само од производите кои се употребуваат, туку бара посветеност и истрајност во грижата кон кожата, пристап со кој на природен начин, од внатре, се стимулира здравјето на кожата до нејзин убав изглед.
ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е сопственик на брендот и регистрираната трговска марка Olpeo.
Во состав на компанијата се двете подружници кои ги поседуваат сите дозволи и регистрации за вршење на дејност, според законите и прописите на РС Македонија:
1. Олпео, продавница регистрирана за трговија на мало со тоалетни и козметички препарати во специјализирани продавници.
2. Олпео 1, магацин регистриран за трговија на големо со парфимериски и козметички препарати.
КОНТАКТ
info@olpeo.mk
ТЕЛЕФОН
+389 2 317 6743