BLOSSOM JEJU

Blossom Jeju е корејски бренд посветен на природни козметички производи со богати текстури и неверојатни мириси. Овој бренд е инспириран од традиционалната ориентална медицина, но користи најнови еколошки технологии за да создаде производи кои на кожата на најефеикасен начин ќе ѝ ги пренесат сировите состојки од природата, од кои таа има најголем бенефит. Blossom Jeju успева да го прилагоди искуството од ориенталната медицина и да го внесе во современиот стил на живеење.

Сировото масло од камелија богато со антиоксиданти е една од главните состојки на активната формула на производите на Blossom Jeju. Ова масло се добива од насадите камелија што се одгледуваат на островот Џеџу. Покрај маслото од семе од камелија, формулата на овие производи содржи фина мешавина на цветна вода и природни есенцијални масла и екстракти од различни растенија. Оваа формула ја одржува вашата кожа хидрирана, свежа и еластична, ja штити од слободните радикали и од појавата на брчки.

Pink Camellia Soombi Blooming Flower Cream

Овој бустер е скапоцен камен од линијата производи на Blossom Jeju. Тоа е лесно впивлив гел кој ѝ овозможува долготрајна хидратација на кожата и ја подготвува за подобра апсорпција на производите од следните чекори на нега.

Карактеристични состојки се цветната вода од камелија која ја смирува кожата и маслото од семе од камелија кое длабински ја негува кожата. Неговата формула е збогатена со моќни активни состојки кои ја подобруваат еластичноста на кожата и ја спречуваат појавата на брчки, како хијалуронска киселина, ниацинамид, пантенол, аденозин и бројни растителни екстракти богати со бетаин и антиоксиданти.

Pink Camellia Soombi Blooming Flower Eye Cream

Toa е крем за очи кој интензивно ги одмара вашите очи, ја намалува подуеноста и темните кругови околу очите. Тој ја навлажнува и видливо ја зацврстува кожата околу очите. Одличен е како за употреба преку ден така и преку ноќ. Иновативниот третман со ефект на ладење ги освежува изморените очи.

Лиценцираниот BioDtox комплекс кој го содржи овој крем е докажан во подобрување на еластичноста и спречување на слободните радикали кои ја оштетуваат кожата.

Комбинацијата на екстракт од сладок корен и хијалуронска киселина во овој крем дава оптимална хидратација за одржување на здрава еластичност на кожата. Ниацинамидот, попознат како B3-витамин, е многу ефикасна состојка за обновување на кожата која пружа повеќе придобивки против нејзиното стареење

Pink Camellia Soombi Blooming Essence Face Oil

Ова масло за лице е драгоцена мешавина од десет чисти масла богати со антиоксиданти (масло од семе од камелија, масло од семе од грозје, канола масло, маслиново масло, масло од шипинка, масло од семе од Limnanthes Alba, кокосово масло, масло од бабасу, масло од роза и масло од јасмин).

Видливо ја обновува и освежува кожата додека помага во заштитата од еколошките агресори. Тоа е богато со омега-3 масни киселини кои ја хранат кожата и го зачувуваат младешкиот изглед. Овозможува врвна хидратација оставајќи ја кожата мека, еластична и свежа. Благодарение на неговата лесна формула, моментално се впива и не остава масен сјај.

Pink Camellia Soombi Blooming Essence Serum

Овој бустер е скапоцен камен од линијата производи на Blossom Jeju. Тоа е лесно впивлив гел кој ѝ овозможува долготрајна хидратација на кожата и ја подготвува за подобра апсорпција на производите од следните чекори на нега.

Карактеристични состојки се цветната вода од камелија која ја смирува кожата и маслото од семе од камелија кое длабински ја негува кожата. Неговата формула е збогатена со моќни активни состојки кои ја подобруваат еластичноста на кожата и ја спречуваат појавата на брчки, како хијалуронска киселина, ниацинамид, пантенол, аденозин и бројни растителни екстракти богати со бетаин и антиоксиданти.

Pink Camellia Soombi Blooming Flower Cream

Toa е крем за очи кој интензивно ги одмара вашите очи, ја намалува подуеноста и темните кругови околу очите. Тој ја навлажнува и видливо ја зацврстува кожата околу очите. Одличен е како за употреба преку ден така и преку ноќ. Иновативниот третман со ефект на ладење ги освежува изморените очи.

Лиценцираниот BioDtox комплекс кој го содржи овој крем е докажан во подобрување на еластичноста и спречување на слободните радикали кои ја оштетуваат кожата.

Комбинацијата на екстракт од сладок корен и хијалуронска киселина во овој крем дава оптимална хидратација за одржување на здрава еластичност на кожата. Ниацинамидот, попознат како B3-витамин, е многу ефикасна состојка за обновување на кожата која пружа повеќе придобивки против нејзиното стареење

КОНТАКТ

info@olpeo.mk 

ТЕЛЕФОН

+389 2 317 6743

АДРЕСА

Кеј 13-ти ноември
1000 Скопје
ГТЦ 1-ви кат

СЛЕДЕТЕ НЕ