Facetheory е апсолутен хит на социјалните мрежи. За ова има причина, Facetheory нуди широка палета на уникатни производи кои даваат вистински резултати кај различни проблеми на кожата. За ова сведочат многубројните позитивни рецензии на корисниците ширум светот.
Во палетата на Facetheory ќе најдете многу производи со активни состојки застапени во супер ефиксани комбинации. Тоа се производи кои навистина делуваат, тие се вегански и нема да ве чинат цело богатство.
Facetheory е бренд кој верува во убавината, науката и природата. Затоа го комбинира најдоброото од природата и науката за да го извлече најдоброто од вашата кожа. Нивната цел е секој да се чувствува убаво во својата кожа и да биде безгрижен додека тие се грижат за неговата кожа.
И на крај, но не помалку важно, производите покрај тоа што изгледаат супер атрактивно во својата амбалажа, нивната амбалажа е рециклирачка, направена од стакло и алуминиум како и биоразградив материјал.
-
-
-
-
-
-
-
Facetheory Clarifying Cleanser C2 170ml
1.434 ден1.190 ден𝗖𝗹𝗮𝗿𝗶𝗳𝘆𝗶𝗻𝗴 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 𝗖𝟮 е најпопуларниот и најпродаваниот клензер на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
Тоа е прочистувачки кремаст клензер со три вида на киселини, гликолна киселина, салицилна киселина и млечна киселина, кои помагаат во одзатнување и чистење на порите, одржување на порите, регулирање на создавањето на себум, ексфолирање и измазнување на кожата.
Има моќен троен ефект благодарение на трите вида киселини со ниска pH вредност со што ја подобрува состојбата на мрсната, нечиста кожа и кожа склона кон акни.
Содржи 2% салицилна киселина, за да навлезе длабоко во порите за да ја отстрани заробената нечистотија и да ја намали појавата на комедони.
Формулиран е со 4% гликолна киселина и 1 % млечна киселина за ексфолијација на кожата, отстранување на мртвите клетки и подобрување на текстурата и целокупниот изглед.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Гликолната киселина (4%) е алфа хидроксилна киселина која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата што ги поврзува.
- Млечната киселина (1%) исто така е алфа хидроксилна киселина која помага во ексфолијација на кожата со разградување на материјалот што ги поврзува клетките на кожата.
- Салицилната киселина (2%) е бета хидроксилна киселина. Помага во регенерација на клетките на кожата и ја обновува кожата за да ја направи мека и посветла.
- Маслото од авокадо лесно се апсорбира и е богато со антиоксиданти и корисни масни киселини.
- Маслото од сладок бадем е неиспарливо, немиризливо, неиритирачко масло кое се добива од семките од бадеми. Тоа е богат извор на триглицериди и олеинска, линолна и миристинска масна киселини.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.
-
-
-
-
-