CLAUDIA ELAINE

„21-виот век е време кога се создаваат револуционерни идеи во сите научни полиња, што овозможи и во голема мера помогна да се роди брендот ‘Claudia Elaine’. Сите производи за нега на кожата на Claudia Elaine ја имаат најдобрата комбинација на напредни и иновативни состојки, како што се трите фактори за раст (EGF, αFGF и IGf-1), антиоксиданси и амино киселини. Многу клиенти се интересираат за органски природни производи. Постојат многу состојки кои доаѓаат од природата, но не сите од нив ѝ користат на човечката кожа. Понекогаш, некои специфични состојки, иако се органски и природни, можат да ја иритираат кожата. Claudia Elaine производите за нега на кожата користат само врвни иновативни состојки кои се делотворни, а сепак нежни за убавата кожа.“

− Serena Choi (CEO)

Claudia Elaine Rose Essential Bubble Foam Cleanser

Тоа е лесна, свиленкаста пена за чистење од линијата Rose Essentials на Claudia Elaine, која ја разнежнува кожата. Меката и нежна пена налик на шлаг ги чисти дури и најмалите остатоци од шминка и на кожата ѝ дава мазен и блескав изглед. Луксузната вода од провансалска роза ја хидрира и смирува кожата. Состојките како екстракти од малина, капина, јагода, брусница, боровинка и грејпфрут ја негуваат кожата со продолжено дејство и по чистењето. 

Claudia Elaine Rose Essential Set

Сетот Rose Essential на Claudia Elaine претставува сеопфатен систем за нега на сите типови кожа и се состои од тонер, 5 лист-маски и емулзија. Иновативната формула со повеќекратно дејство која ја содржат производите од линијата Rose Essential на Claudia Elaine помага да го задржите младешкиот сјај на Вашата кожа. Трите видови на пептиди (факторите на раст EGF, аFGF и IGF-1), комплексот од аминокиселини и антиоксиданти, вода од провансалска роза, и делотворните растителни екстракти помагаат во регенерација, зголемување на цврстината и еластичноста на кожата истовремено обезбедувајќи ја потребната хидратација. Со оваа формула се постигнува целосна нега на кожата и зајакнување на заштитниот слој.

Claudia Elaine Rose Essential Cream

Claudia Elaine Rose Essential Cream e свиленкаст интензивен хидратантен дневен/ноќен крем, наменет за сите типови на кожа, идеален за оние на кои им е потребна дополнителна хидратација во текот на целиот ден или за оние кои сакаат дополнителна хидратација во текот на ноќта. Луксузната вода од роза ја измазнува, хидрира и смирува кожата. Иновативната формула од напредни пептиди, аминокиселински комплекс, антиоксиданти и растителни екстракти дава видливи и долготрајни резултати во зацвсрнување на структурата на кожата и подобрување на нејзиниот целокупен изглед.

 

 

КОНТАКТ

info@olpeo.mk 

ТЕЛЕФОН

+389 2 317 6743

АДРЕСА

Кеј 13-ти ноември
1000 Скопје
ГТЦ 1-ви кат

СЛЕДЕТЕ НЕ