ДАНИНИ

Направени со многу љубов, внимание и трпение, од работилницата на Данини излегуваат природни рачно изработени сапуни со врвен квалитет. Данини природните сапуни се идеални за одржување дури и на најчувствителната кожа, бидејќи не содржат агресивни хемикалии, вештачки мириси и бои. Тие ги даваат посакуваните резултати без да го загрозат здравјето на луѓето или животната средина, користејќи ја моќта на природните состојки како глицерин, есенцијални масла (лаванда, рузмарин, лимонова трева и еукалиптус), билки (невен и коприва), зелена глина, активен јаглен и кафе. Застапени се со неколку различни формули за да ги задоволат потребите на различните типови кожа. 

Природен сапун со невен и мед

Природниот рачно изработен сапун со невен и мед, одговара на сите типови кожа. Тој е ефикасен против различни воспалителни процеси и габични инфекции, ја тонира и чисти кожата. Медот длабински ги чисти порите ѝ дава виталност и ја хидрира кожата, додека невенот делува антисептично. Есенцијалното масло од лимонова трева содржано во овој сапун има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.

Природен сапун со коприва

Природниот рачно изработен сапун со коприва ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност. Погоден е за сите типови на кожа како и за миење на кратка коса. Благодарение на драгоцените состојки кои ги содржи копривата како што се флавоноидите, стеролите, хлорофилот, минералните соли, витаминот Ц, провитаминот А и други делотворни состојки, овој сапун ја зајакнува заштитата на кожата, ги намалува воспаленијата и црвенилото, делува антибактериски, го регулира создавањето на себумот, го стимулира растот на косата и го елиминира првутот.

Природен сапун со кафе

Природниот рачно изработен сапун со кафе одговара на сите типови кожа. Тој има неверојатна формула за длабинско чистење на кожата. Кафето како додаток, има пилинг ефект, ја поттикнува циркулацијата и делува против целулит. Може да се користи за ексфолијација на кожата на лицето и телото. Есенцијалното масло од рузмарин ја релаксира и регенерира кожата, додека есенцијалното масло од еукалиптус делува антисептично.

Природен сапун со зелена глина и активен јаглен

Природниот рачно изработен сапун со зелена глина и активен јаглен прави детокс на кожата и длабински ја чисти. Одговара за комбинирана и мрсна кожа. Зелената глина содржи многу минерални соли и олигоелементи кои поволно делуваат на проблематичната кожа. Активниот јаглен има исклучително адсорбциско својство ги привлекува и врзува отровите, нечистотија и бактериите по што лесно може да се отстранат со миење.  Ја чисти и регенерира кожата на лицето и телото без да ја наруши природната влажност

Природен сапун со минерални пигменти

Природниот сапун со минерални пигменти е рачно правен сапун за нега погоден за сите видови на кожа. Овој сапун ја чисти и хидрира кожата без да ја наруши природната влажност. Тој го регулира лачењето на себумот, спречува појава на акни и мозолчиња. Есенцијалното масло од лимонова трева содржано во овој сапун има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.

NATURE'S GIFT природен сапун со минерални пигменти

NATURE’S GIFT е природен рачно изработен сапун со минерални пигменти кој ни доаѓа во специфично украсно пакување со панделка кое е во склад со неговите специични земјени нијанси. Овој сапун има поволно дејство врз кожата. Тој ја чисти и хидрира кожата без да ја наруши природната влажност, го регулира лачењето на себумот, спречува појава на акни и мозолчиња. Есенцијалното масло од лимонова трева кое го содржи има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.

B&W природен сапун со зелена глина и активен јаглен

B&W е природен рачно изработен сапун со зелена глина и активен јаглен со специфичен декоративен дизајн и обојување кој ни доаѓа во украсно пакување со панделка. Благодарение на внимателно одбраните состојки овој сапун има многу поволно дејство врз кожата. Тој прави детокс на кожата и длабински ја чисти, без да ја наруши нејзината природна влажност. Одговара за комбинирана и мрсна кожа, а може да се употребува за миење на лице и тело.

SWEET LOVE природен сапун со минерални пигменти

SWEET LOVE е природен рачно изработен сапун со минерални пигменти со специфичен декоративен дизајн и обојување кој ни доаѓа во украсно пакување со панделка. Овој сапун има поволно дејство врз кожата. Тој ја чисти и хидрира кожата без да ја наруши природната влажност, го регулира лачењето на себумот, спречува појава на акни и мозолчиња. Есенцијалното масло од лимонова трева кое го содржи има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.

SWEET HEART природен сапун со минерални пигменти

SWEET HEART природен рачно изработен сапун со кафе и минерални пигменти со симпатичен дизајн кој потсетува на парче торта. Благодарение на внимателно избраните состојки овој сапун има многу поволно дејство врз кожата. Кафето како додаток, има пилинг ефект и ја поттикнува циркулацијата во кожата. Може да се користи за ексфолијација на кожата на лицето и телото. Есенцијалното масло од лимонова трева кое го содржи има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално. 

Сет со 2 природни, рачно изработени сапуни

Овој сет содржи 2 природни рачно изработени сапуни со специфична декоративна форма изработена со калап. Благодарение на вниматено одбраните состојки овие сапуни имаат многу поволно дејство врз кожата. Тие ја чистат и негуваат без да ја нарушат нејзината природна влажност.

Сет со 3 природни, рачно изработени сапуни

Овој сет содржи 3 природни рачно изработени сапуни од кои еден има специфична декоративна форма изработена со калап, додека останатите два се во стандардно пакување. Благодарение на вниматено одбраните состојки овие сапуни имаат многу поволно дејство врз кожата. Тие ја чистат и негуваат без да ја нарушат нејзината природна влажност.

КОНТАКТ

info@olpeo.mk 

ТЕЛЕФОН

+389 2 317 6743

АДРЕСА

Кеј 13-ти ноември
1000 Скопје
ГТЦ 1-ви кат

СЛЕДЕТЕ НЕ