KLAIRS

Klairs е бренд за функционална козметика за чувствителна кожа, кој ја почитува убавината на животната средина и воспосавува здрави вредности во поглед на планетата. Создава едноставни производи кои не содржат агресивни супстаанци и ги содржат само неопходните и ефикасни состојки. Произодите не се тестирани на животни. Klairs се труди да им пружи на своите клиенти производи со највисок квалитет достапни по разумни цени.

Едноставно, но доволно. Simple, but enough.

Klairs Supple Preparation Face Toner at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Supple Preparation Facial Toner

Подгответе ја, хидрирајте ја и вратете ја еластичноста на вашата кожа со Supple Preparation Facial Toner. Jа балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на рутината за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.

» прочитај повеќе

Содржи неколку клучни состојки како Phyto-Oligo кои ѝ обезбедуваат длабинска хидратација на кожата, како и пченични аминокиселини кои помогаат во намалување на воспалението на кожата.

Брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација продолжена за повеќе од 20% од вообичаените тонери со хијалуронска киселина и бета-глукан.

Направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки, овој не иритирачки, хидратантен тонер е погоден за сите типови кожа, дури и за најчувствителните.

» помалку

Klairs Freshly Juiced Vitamin E Mask at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Freshly Juiced Vitamin Drop

Кажете им збогум на уморниот изглед на кожата и зголемените пори. Пробајте и уверете се зошто овој производ е продаден во преку 1 милион примероци. Направен со природно ефикасни состојки кои се безбедни и не иритирачки, овој производ ја поттикнува и ја подмладува вашата кожа со моќта на чистиот витамин Ц!

» прочитај повеќе

Содржи клучни состојки кои ни доаѓаат директно од природата и концентриран чист витамин Ц, со чија помош иновативната фирмула на овој производ ја ревитализира, негува и ја подобрува Вашата кожа.

Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и вратот наутро и навечер. Доколку имате чувсвителна кожа нанесете мешавина од 1-2 капки со серум или крем.

» помалку

Klairs Freshly Juiced Vitamin E Mask at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Freshly Juiced Vitamin E Mask

Употребата на овој произод ќе ја направи Вашата кожа, поцврста, поеластична, помазна, добро хидрирана и со порамномерен тен. Toa e мултифункционален производ кој може да се користи како маска, ноќна маска или дневен навлажнувач. Зајакнат e со антиоксидантната моќ на витаминот Е, кој ја осветлува кожата, ги подобрува и ги спречува знаците на стареење.

» прочитај повеќе

Користете го во текот на денот за да го спречите штетното дејство на слободните радикали и во текот на ноќта за намалување на брчките и регенерација на кожата.

Текстурата налик на пудинг, при нанесување се претвора во богата есенција која формира заштитен слој на кожата што ја задржува и одржува влагата најмалку 8 часа.

» помалку

Klairs Freshly Juiced Vitamin E Mask Miniature at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Freshly Juiced Vitamin E Mask Miniature 15ml

Mултифункционален производ кој може да се користи како маска, ноќна маска или дневен навлажнувач, со активни состојки витамин Е, ниацинамид и аденозин, кои ја ревитализираат кожата и ја спречуваат појавата на брчки. Спакуван е во мала амбалажа погодна за патување. Употребата на овој произод ќе ја направи Вашата кожа, поцврста, поеластична, помазна, добро хидрирана и со порамномерен тен.

» прочитај повеќе

Користете го во текот на денот за да го спречите штетното дејство на слободните радикали и во текот на ноќта за намалување на брчките и регенерација на кожата.

Текстурата налик на пудинг, при нанесување се претвора во богата есенција која формира заштитен слој на кожата што ја задржува и одржува влагата најмалку 8 часа.

» помалку

Klairs Midnight Blue Calming Sheet Mask at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Midnight Blue Calming Sheet Mask

Разладете ја вжештената кожа на лицето со Midnight Blue Calming Sheet Mask. Тоа е лист-маска со црна ткаенина која содржи бамбус и јаглен, потопена во богата смирувачка есенција. Благодарение на еритролот кој го содржи оваа есенција, маската ја смирува кожата и ја намалува температурата.

» прочитај повеќе

Благодарение на екстрактот од азиска центела таа има антиинфламаторно дејство. Ефикасна е во прочистување на порите.

Погодна е за мрсна кожа, чувствителна кожа, иритирана кожа, кожа со проширени пори и вжештена кожа.

» помалку

Klairs Midnight Blue Youth Activating Drop at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Midnight Blue Youth Activating Drop

Висококонцентрираниот Midnight Blue Youth Activating Drop серум го зголемува сјајот на кожата, суштински го подобрува тенот и ја поттикнува кожата да создава колаген. Со поттикнување на клеточна активност на обновување, овој серум ја разубавува, негува и ревитализира кожата.

» прочитај повеќе

Го поттикнува процесот на обновување на кожата со што ја подобрува нејзината текстура и еластичност, ги намалува пигментациите како што се старечки флеки и ја намалува појавата на фини лини и брчки. Наутро и навечер се нанесува на региите на лицето кои имаат потреба.

Изненадувачки факт е што мистериознo сината боја, не се должи вештачко обојување, туку на една од неговите состојки од природно потекло: гвајазулен, растителна состојка добиена од камилица.

» помалку

Klairs Midnight Blue Calming Cream at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Midnight Blue Calming Cream

Midnight Blue Calming Cream е нежен крем богат со азулен, кој пријатно и брзо ја смирува сензитивноста. Мала количина од кремот се нанесува на областа на која и е потребно смирување, наутро и навечер по нанесубвањето на тонер и серум.

» прочитај повеќе

Изненадувачки факт е што мистериознo сината боја, не се должи вештачко обојување, туку на една од неговите состојки од природно потекло: гвајазулен, растителна состојка добиена од камилица.

» помалку

Klairs Gentle Black Sugar Facial Polish at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Gentle Black Sugar Facial Polish

Отстранете ги црнките и мртвите клетки од Вашето лице со само една употреба на Gentle Black Sugar Facial Polish. Овој неверојатен производ на Klairs кој содржи кафеав шеќер, со леснотија прави ексфолиација на сувата кожа и ѝ дава сјаен изглед. Содржи шиа путер, витамин Е и витамин А, кои ѝ пружаат длабинска хидратација и мек финиш на кожата.

» прочитај повеќе

Со употреба на овој производ еднаш до два пати неделно ќе постигнете мека и свиленкасто мазна кожа припремена за совршено нанесување на шминка.

Покрај нежната ексфолиација, тоа е производ кој ги контролира мастите и го регулира создавањето на вишок себум, длабински ја хидрира кожата, има антибактериско и анти-ејџинг дејство.

Овој ексфолиант е доволно нежен и погоден за употреба на чувствителна кожа.

» помалку

Klairs Fundamental Water Gel Cream at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Fundamental Water Gel Cream

Тоа е хидратантен крем во вид на гел. Содржи вода од зелен чај од островот Џеџу и пантенол за да обезбеди богата влажност без да остави леплива трага.

» прочитај повеќе

Употреба: По чистењето, нанесете соодветна количина како последен чекор од рутината за нега на лицето.

» помалку

Klairs Fundamental Eye Awakening Gel at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Fundamental Eye Awakening Gel

Тоа е гел кој содржи потентни дози на антиоксиданти како богати екстракти од чај и бакарни пептиди кои со своето взаемно дејство на кожата околу очите ѝ даваат здрав изглед. Исто така ѝ дава богата хидратација за да ја оживее сувата кожа со уморен изглед.

» прочитај повеќе

Употреба Нанесете нежно со тапкање со врвовите на прстите на областа над и под очите наутро и навечер. Исто така може да се користи за освежување и хидратација на регијата околу очите во текот на денот.

» помалку

Klairs Rich Moist Soothing Serum at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Rich Moist Soothing Serum

Тоа е нежен серум на водена база со концентрирана формула направена со комплекс со богата мешавина од хидратантни состојки.

» прочитај повеќе

Нанесете на чиста кожа преку ден или навечер. Може да се нанесува како таргетиран третман на деловите од лицето на кои им е потребена посебна нега.

» помалку

Klairs Rich Moist Soothing Cream at Olpeo K-beauty korean skincare and cosmetics store

Klairs Rich Moist soothing Cream

Тоа е смирувачки навлажнувач за длабинска хидратација, кој содржи моќна мешавина од хидратантни состојки. Не содржи обојувачи, ароми и состојки од животинско потекло.

» прочитај повеќе

По чистењето, нанесувањето на тонер и серум, нежно нанесете го навлажнувачот на лицето користејки ги врвовите на прстите.

» помалку

КОНТАКТ

info@olpeo.mk 

ТЕЛЕФОН

+389 2 317 6743

АДРЕСА

Кеј 13 Ноември
1000 Скопје
ГТЦ 1-ви кат

СЛЕДЕТЕ НЕ