LANGSRE

Ако барате квалитетна козметика од Република Кореја, Langsre е вистинскиот избор. Langsre е бренд на реномираниот корејски производител ReBom COSMETICS, кој има освоено многу награди, сертифициран со ISO – 9001 и поседува CGMP (Current Good Manufacturing Practice) од Министерството за безбедност на храна и лекови на Република Кореја, чии производи се дистрибуираат во повеќе од 20 земји во светот и се познати по врвната нега на кожата. ReBom во својот истражувачи центар неуморно работи на создавање на нови иновативни формули и патенти за состојки и производи за нега на кожата.

Langsre Very Berry 40 Natural Oil to Foam

Lemon Berry 40 природно пенливо масло е 2 во 1 средство за чистење на лице, со формула од природни екстракти масла, кое при миење на лицето се трансформира во пена за ефикасно отстранување на нечистотиите и пријатно чувство.

Langsre 2 Minute Miracle Gel

2 Minute Miracle Gel e нежeн гел за ексфолиација која ја чисти и измазнува кожата. Неговата лесна формула ја омекнува нечистотијата и мртвите клетки за полесно отстранување. Содржи екстракт од папаја кој со леснотија го отстранува сувиот надворешен слој на кожата кој ги запушува порите. Не ја суши кожата и не предизвикува иритација, а ја одржува хидрирана и влажна дури и по ексфолиацијата.

Langsre Rose Berry 70 Sleeping Pack

Rose Berry 70 Sleeping Pack е производ кој содржи 70% екстракт од цветни листови од роза, сконцентриран во есенција која на вашата кожа и ја враќа влажноста и свежината во текот на ноќта. Маската се нанесува навечер со лесна масажа на лицето, за да ја негува и регенерира вашата кожа во текот на ноќта, а наутро се измива со млака вода. Оваа маска има многу висока антиоксидантна содржина што ја прави кожата на лицето свежа и еластична.

Langsre Very Berry 80 Smoothing Toner

Very Berry 80 тонерот за измазнување на лицето содржи 80% екстракти од боровинки и асаи бобинки кои ја негуваат и освежуваат кожата. Содржи комплекс од екстракти од бобинки и систем за баланс на водата и маснотиите во кожата. Овој тонер помага за хидратација, подобрување на тенот и во борбата против брчките.

Langsre Very Berry 70 Smoothing Emulsion

Langsre Very Berry 70 емулзија за измазнување на лицето е хидратантна емулзија со 70% екстракти од боровинки и асаи бобинки за смирување и обновување на кожата. Содржи комплекс од екстракти од бобинки и систем за баланс на водата и маснотиите во кожата. Содржи анти-ејџинг состојки кои помагаат во борбата против брчките. Ниацинамидот помага во подобрување на тенот и избелување на пигментираните дамки. Производот е наменет за сите типови на кожа.

Langsre Very Berry 40, 3 in 1 Sun BB Cream

Langsre Very Berry 40 3 in 1 Sun BB има тројна функција: дејство против брчки, осветлувачки ефект, и највисока заштита од UV зраци (SPF 50+ / PA++). Содржи 40% екстракти од асаи бобинки и боровинки, како и други бројни растителни екстракти кои помагаат во негата на кожата и борбата против брчки. Лесно се впива во кожата и ја одржува хидрирана повеќе од 12 часа.

Langsre Aqua Power Hydrating Cream

Langsre Aqua Hydrating Power Cream e хидратантна крема со морска вода богата со минерали и растителни екстракти богати со хранливи и навлажнувачки состојки, за продолжена хидратација. Кремата ја освежува и закрепнува кожата правејќи ја убава и мека.

Langsre Magic Peach Whitening Power Cream

Mоќниот крем за осветлување на тенот содржи формула со екстракт од оризови трици, екстракт од праска, витамини и минерали, која овозможува 24 часовна исхрана и влажност на кожата, со моментален ефект на убава, светла и проѕирна кожа.

Langsre Very Berry Dual BB Cushion

Двојна BB течна пудра со перниче е производ со тројна функција, дејство против брчки, осветлувачки ефект, највисока заштита од UV зраци (SPF50 PA+++). Ефективно ja смирува и штити иритираната и ошетена кожа како последица на на штетните надворешни влијанија и ја прави хидрирана и свежа.

Langsre Korea Ginseng Anti-Wrinkle Mask Sheet

Langsre Korea Ginseng Anti-Wrinkle Mask Sheet е лист-маска против брчки со екстракт од корејски женшен. Бидејќи содржи екстракт од црвен женшен, оваа маска на вашата кожа и дава живост и енергија, а ориенталниот комплекс од посебно одбрани состојки ја прави кожата здрава и блескава.

Langsre Snail Repairing Mask Sheet Olpeo

Langsre Snail Repairing Mask Sheet e лист-маска чија клучна состојка е слузта од полжав и помага за обновување на кожата на лицето. Муцинот, алантоинот и гликолната киселина, кои се активни состојки на слузта од полжав, ја штитат вашата кожа, а екстрактите од кафеави алги и Caulerpa racemosa го подобруваат заштитниот слој на кожата и истовремено ги намалуват мртвите клетки правејќи ја кожата мазна и еластична.

Langsre Whitening Rice Mask Sheet

Бидејќи содржи екстракт и масло од оризови трици кои се богати со хидратантни состојки, протеини и минерали, оваа маска помага за подобрување на тенот, а растителните екстракти, вклучувајќи го и екстрактот од калинка создаваат заштитен слој на кожата, го намалуваат бројот на мртви клетки и ја прават кожата мазна и еластична.

Langsre Peach Essence Mask Sheet

Праската богата со хидратантни состојки и полифеноли, jа прави текстурата на кожата влажна, а екстрактите од асаи бобинки, боровнки и ацерола прават заштитен слој на кожата, го намалуваат бројот на мртви клетки и ја прават кожата мазна и еластична.

Langsre Rosa Centifolia Flower Mask Sheet

Екстрактот од роза ја оживува и тонизира уморната и опуштена кожа, помага за отстранување на дамки, пеги и нееднаква обоеност на кожата. Екстрактите од цвет од арника, камилица и невен прават заштитен слој на кожата, а исто така го намалуваат бројот на мртви клетки и ја прават кожата мазна и еластична.

КОНТАКТ

info@olpeo.mk

ТЕЛЕФОН

+389 2 317 6743

АДРЕСА

Кеј 13-ти ноември
1000 Скопје
ГТЦ 1-ви кат

СЛЕДЕТЕ НЕ