Кошничка 1 x

Product

Benton Bakuchiol Serum 35ml

1.850 ден

Збогатен со бакучиол, уште наречен растителен ретинол, Benton Bakuchiol Serum дава видливи резултати во борбата против брчките.

Серумот со бакучиол на Benton е анти-ејџ серум кој ги репарира оштетувањата на кожата и стимлулира создавање на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.

Исто така нуди антиоксидантни ефекти за борба против слободните радикали и надворешните штетни влијанија кои предизвикуваат оштетувања и предвремено стареење на кожата. Ја зајакнува заштитаната бариера и ја одржува кожата во здрава рамнотежа. Помага да се намали фотостареењето додека ја негува кожата.

Бакучиолот е состојка од растително потекло, алтернатива на ретинолот и ги нуди истите придобивки како ретинолот, додека не предизвикува иритација и сензитивност и смее да се користи за време на бременоста за разлика од ретинолот.

За зголемено дејство на производот, бакучиолот е надополнет со ниацинамид и аденозин, функционални состојки кои ја спречуваат појавата на брчки и ги намалуваат пигментираните дамки.

Серумот помага во измазнување на текстурата на кожата

Дополнително, ги отстранува акните и ја спречува појавата на нови.

Ја храни и навлажнува кожата, ја зајакнува нејзината заштитна бариера и го спрешува губењето на влажноста, ја одржува кожата навлажнета и хидрирана во текот на денот.

Дејство:

  • Ја подобрува еластичноста на кожата
  • Ја спречува појавата на брчки
  • Ги намалува брчките и фините линии
  • Ја подобрува текстурата на кожата
  • Го подобрува тенот и ги намалува флеките
  • Ги отстранува акните
  • Ја подобрува текстурата
  • Ја штити кожата од надворечни штетни влијанија
  • Ја зајакнува заштитната бариера
  • Ја навлажнува кожата
  • Го спречува губењето на влажноста

Употреба: Многу мала количина се нанесува рамномерно на лицето, или капка серум се меша со крем

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:

Benton Bakuchiol Serum 35ml

1.850 ден