Кошничка 0 x

Product

Benton Snail Bee High Content Skin Toner 150ml

1.477 ден 1.200 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:
Snail Bee High Content Skin е тонер од линијата за нега со филтрат од слуз од полжав висока концентрација и пчелин отров, кој ја одржува кожата хидрирана и мазна. Одговара на сите типови кожа, но поради своите регенеративни и антибактериски својства посебно се препорачува и за многу чувствителна кожа. Исто така помага во намалување на постинфламаторната хиперпигментација.Во својата формула содржи растителни екстракти како што се екстрактот од лист од Camellia sinensis и екстракт од чајно дрво, Melaleuca alternifolia, кои се одлични природни антиоксиданти кои помагаат во подобрувањето на текстурата на кожата и враќањето на нејзината природна виталност. Клучни активни состојки на оваа формула се филтратот од слуз од полжав, отровот од пчела и sh-олигопептидот-1 уште нарече епидермален фактор на раст (Epidermal Grow Factor EGF). Тие се познати по своите анти-ејџинг својства и помагаат во регенерирање на кожата.

По чистењето на лицето, втор клучен чекор во третманот за нега во корејската рутина е нанесувањето на тонер кој се сретнува под различни називи (Skin/Toner/Bооster) зависно од брендот. За разлика од тониците на кои сме навикнати и кои се користат за чистење и освежување на кожата, тонерите во корејската рутина за нега на кожата се наменети да ја хидрираат кожата и да ја подготват за подобра апсорпција на другите производи за нега. Тие со својата лесна текстура навлегуваaт во длабоките слоеви на кожата, ја ревитализираат од внатре, ја снабдуваат со потребните хранливи материи и ја балансираат нејзината pH вредност.

Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Тонерот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.

Snail Bee High Content тонерот е дерматолошки тестиран.

Benton Snail Bee High Content Skin Toner 150ml

1.477 ден 1.200 ден

Препорачана комбинација

  • Распродадено-12%