Кошничка 0 x

Product

Beplain Clean Ocean Moisture Sunscreen 5ml

570 ден 399 ден

Нема на залиха

За да го спречите предвременото стареење на кожата неопходно е да ја заштитите од штетното UV зрачење, кое е присутно не само во лето и на сончево време, туку е присутно и во зима и кога времето е облачно.

Штетните UV зраци предизвикуваат оштетување на кожата, ја забрзуваат појавата на брчки, предизвикуваат појава на флеки, а прекумерната изложеност може да предизвика и малигни заболувања на кожата.

За целосна заштита на вашата кожа ви го препорачуваме Clean Ocean Moisture Sunscreen на корејскиот бренд Beplain. Тоа е крем со заштитен фактор SPF50+ PA++++ кој пружа силна заштита од UVA и UVB зраците, но е нежен со кожата.

Пријателски е кон коралните гребени и морскиот жив свет, бидејќи не содржи состојки кој им штетат. Спакуван е во 100% биоразградлива амбалажа.

 Ја одржува хидратацијата на кожата и и дава свеж финиш. Има лесна брзо впивлива текстура и не остава леплива трага дури и по нанесување во неколку слоеви. Не остава бела трага и е некомедоген.

Тоа е функционална козметика со тројна функција:

  • Антиејџ
  • Заштита од UV зраци
  • Подобрување на тенот

Тоа е производ кој не предизвикува иритација, докажано со завршено тестирање. Составен е од состојки со највисоко ниво на безбедност според EWG означени со зелено и сертифициран за безбеден од EWG. Производот е вегански и cruelty free.

Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Beplain Clean Ocean Moisture Sunscreen 5ml

570 ден 399 ден

Нема на залиха