269 ден 188 ден
Нема на залиха
Ја чувствувате кожата на лицето дехидрирана и уморна и потребно ви е инстант освежување?
Тука е 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗠𝗮𝘀𝗸, лист маската на корејскиот бренд 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻, збогатена со 8 вида на хијалуронска киселина, која нуди инстант решение за враќање на свежината и сјајот на кожата.
Благодарение на осумте вида на хијалуронска, оваа маска има моќ да ја врати хидратацијата во сите слоеви на кожата, ги пополнува брчките и го спречува нивното продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Содржи екстракт од снежна печурка (Tremella fuciformis) кој за разлика од обичната хијалуронска киселина, има дополнителен бенефит за кожата. Покрај тоа што е богат со прородна хијалуронска киселина, тој го поттикнува создавањето на колаген и еласти што придонесува за враќање на еластичноста на кожата, нејзино зацврснување и спречување на појава на брчки.
Свиленкасто нежната природна целулозна ткаенина има многу нежна текстура и изработена е со технологија за добро прилагодување на лицето.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
269 ден 188 ден
Нема на залиха
Кожата околу очите е понежна и потенка од останатата кожа на лицето. Затоа ѝ е потребна посебна нега. Пружете ѝ врвна нега и спречете ја појавата на брчки со кремот за очи 𝗔𝗿𝘁𝗲𝗺𝗶𝘀𝗶𝗮 𝗘𝘆𝗲 𝗕𝘂𝘁𝘁𝗲𝗿 на еден од најнаградуваните корејски брендови 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
Овој кем е богат со моќни состојки со за интензивно навлажнувачки и смирувачки својства кои даваат сјај и еластичност на кожата околу очите.
Содржи шиа путер и има погуста текстура налик на путер за пружи интензивна нега на нената кожа околу очите, но лесно се впива без да остави леплива или мрсна трага.
Содржи 52% екстракт од Artemisia capillaris, уште попознат како екстракт од мугворт, кој има дејство на смирување, негување и заштита на кожата за да помогне во намалување на иритацијата, да се бори против причините за сувост и да се справи со чувствителноста на кожата.
Пептидите во овој крем го поттикнуваат создавањето на еластин и колаген, со што ја зголемуваат цврстината на кожата околу очитем ја подобруваат нејзината еластичност и ја спречуваат појавата на брчки. Исто така ги отстрануваат фините линии и ги намалуваат постоечките брчки.
Ниацинамидот помага да се осветли регијата околу очите, да се намалат темните кругови, а исто така има антиејџ дејство.
Хијалуронската киселина ѝ ја враќа влажноста на кожата, ја одржува свежа и ја спречува појавата на брчки и фини линии.
Содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките. Заедно со пептидите, ниацинамидот и хијалуронската киселина прави одлична комбинација за борба против брчките.
Освои 1-во место за најдобар нов производ за првата половина на 2020 на Hwahae Beauty Awards во категорија на крем за очи.
Производот е вегански и cruelty free.
Подобрете ја ефикасноста на вашите призводи за нега со вклучување на тонер во рутината за нага на лицето.
Доколку имате комбинирана или мрсна кожа, или ви е потребна нежна ексфолијација, вметнете го 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗕𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗶𝗻𝗴 𝗧𝗼𝗻𝗲𝗿 во вашата рутина за нега на лицето и несомнено ќе почувствувате голем бенефит и подобрено дејство на целата рутина.
Тоа е нежен, но многу ефикасен балансирачки тонер за нежна ексфолијација, со лесна, освежителна завршница.
Содржи 42,6% екстракт од мунго грав кој помага да се отстрани нечистотојата од порите, со што помага во отстранување на црнките. Богат е со протени и ја подобрува хидратацијата на кожата со што ја прави помека и поеластична.
Ја балансира кожата до нејзината идеална pH вредност, што е многу важно за одржување на здрава кожа.
Ја подрбрува хидратацијата со што помага да се одржи кожата свежа и добро хидрирана во текот на целиот ден. Со тоа ја подобрува моќта на кожата да ги апсорбира корисните состојки од производите од следните чекори и да го подобри нивното дејство.
Содржи PHA, состојка која нежно ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата без да направи иритација, за да го стимулира обновувањето на поврѓшината на кожата и да ја направи помазна и почиста. Природно го регулира балансот на вода и масти во кожата и има способност да хидрира.
Патентираниот комплекс AQUAXYL™ дава моќна длабинска и долготрајна хидратација и ја штити кожата од губење на влажноста.
Производот е вегански и cruelty-free. Дерматолошки е тестиран и не предизвикува иритација кај чувствителната кожа.