1.410 ден 1.096 ден
Направена со 96% филтрат од слуз од полжав (муцин), оваа есенција ѝ помага на кожата да губи помалку влажност, додека ја одржува мазна и здрава.
1.410 ден 1.096 ден
My First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.
Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.
Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.
Comfort Me Panthenol Moisture Essence e есенција со млечна текстура која во својот состав има Niosome Panthenol и ѝ дава моќна хидратација на кожата. Оваа есенција е погодна за сите типови кожа, посебно за најчувствителната.
Овој производ содржи 11,000ppm од Niosome Panthenol, кој има подобра апсорпција од обичниот пантенол е состојка која первентивно делува на губење на влажност на кожата, длабоко хидрира и ја прави по сјајна.
Мадекасозидот пак е одговорен за заздравување на рани и хидратација. Цератенолoт пак помага за зајакнување на заштитната бариера на кожата.
Овој производ е хипоалерген, не содржи парфеми и е во зелена зона на безбедни состојки според класификацијата на EWG.
Сет од 4 мини производи од линијата Snail, пена за чистење, тонер, есенција и крем. Сет за сеопфата нега на лицето во 4 чекори.