Кошничка 0 x

Product

COSRX Real Fit Vitamin E Serum

1.790 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Информации

Вметнете ги витамините во Вашата нега на кожа со хидратантниот серум, COSRX Real Fit Vitamin E Serum кој содржи висока концентрација на витамин Е и 5 различни масла од семиња, создаден за да ја навлажни дехидрираната кожа, оставајќи ја сјајна. За да се оптимизираат придобивките, чистите витамини или деривати се внимателно одбрани, со цел да ги засилат ефектите и да ја подобрат испораката на активни состојки во кожата. Исто така, додадени се и синергетски компоненти, за да се минимизираат несаканите ефекти поврзани со користење на високо концентрирани витамини.

 

Зошто е посебен овој серум?

  • Содржи чист витамин Е (99%) наместо деривати на витамини, кој делува во зголемувањето на ефектот врз кожата. Има антиоксидантно дејство и ја штити кожата од секојдневните влијанија на животната средина, како што се изложувањето на сонце и загадувањето на воздухот.
  • Содржи 5 различни видови на масла од семиња за синергетски ефект, кои целосно ја обновуваат сувата, груба кожа со долготрајна хидратација, осветлувајќи го тенот. Ја надополнува и задржува влажноста, додека го балансира нивото на масло на кожата, оставајќи ја мазна.
  • Тоа е брзо апсорбирачки маслен серум, кој веднаш се впива во кожата, оставајќи пријатна, мека завршница, без мрсно чувство.

 

Употреба:

  1. По отворањето, заменете го капачето со пипета.
  2. Нанесете две до три капки на чиста кожа, избегнувајќи ги очите.

COSRX Real Fit Vitamin E Serum

1.790 ден