1.290 ден
NEW SKIN! Како што кажува самото име на производот, лосионот за ексфолијација на Dr Colic, NEW SKIN ќе ви помогне да ги намалите недостатоците на кожата и да добиете помазна, помека и посвежа кожа.
Содржи комплекс од хидрокси киселини кои помагаат да се елиминираат мртвите епидермални клетки, по што епидермисот се обновува со помлади и посилни клетки и кожата добива длабински подобрен тонус и еластичност. За време на пилингот, хидрокси киселините го претвораат кератинот од епидермисот во аминокиселини кои се основни состојки за природно навлажнување на кожата.
Покрај благиот хемиски пилинг, овој лосион го одржува балансот на pH вредноста, кој е неопходен за одржување на здравјето на кожата. Благодарение на секојдневното благо чистење, кожата се регенерира и тенот станува мат.
Се препорачува за комбинирана и мрсна кожа, како и за кожа склона кон акни.
ДЕЈСТВО:
Ги отстранува мртвите клетки
Ги намалува порите
Ги намалува оштетувањата на кожата.
Го намалува воспалението на кожата
Кожата ја прави помека и помазна
Ги намалува флеките и лузните
На кожата ѝ дава сјај
Ги намалува знаците на стареење
Ја подобрува хидратацијата
Го подобрува дејството на другите производи за нега
1.290 ден