Beauty of Joseon Glow Serum e серум налик на мед збогатен со Ханбанг (корејска традиционална хербална медицина) состојки за осветлување и подобрување на тенот, каде клучни состојки се прополисит и ниацинамидот.
Клучни состојки: екстракт од прополис 59,94%, ниацинамид 2%. Истакнати состојки: таману масло, бетаин салицилат (BHA), екстракт од чајно дрво, екстракт од семе од Lotus.
Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата.
Состав: екстракт од прополис, дипропилен гликол, глицерин, бутилен гликол, вода, ниацинамид, 1,2-хександиол, екстракт од цвет од Melia azadirachta, екстракт од лист од Melia azadirachta, натриум хијалуронат, екстракт од корен од Curcuma aonga (куркума), екстракт од лист од Ocimum sanctum, екстракт од семе Theobroma cacao (какао), екстракт од Melaleuca alternifolia (чајно дрво), екстракт од Centella asiatica, екстракт од Corallina officinalis, екстракт од семе од Lotus corniculatus, масло од семе од Calophyllum inophyllum, бетаин салицилат, натриум полиакрилоилдиметил таурат, трометамин, полиглицерил-10 лаурат, каприлил гликол, етилхексилглицерин, декстрин, пентилен гликол, октандиол, токоферол, ксантан гума, карбомер.
Нежниот навлажнувачки серум со какао на Benton e лесен и хидратантен серум. Со екстракти од Тheobroma Cacao и хиалуронска киселина, овој серум ја враќа влажноста на кожата. Различните растителни екстракти во серумот дополнително помагаат за одржување на мазна и убава кожа. Mоже да се користи за кожа која има потреба од потхранување, кожа со дисбаланс на вода и масти, кожа која сака јасен тeн со благ хидратантен производ, дехидрирана и затегната кожа, кожа чувствителна на штетни хемикалии и надворешни стресори, кожа на која и е потребен лесен производ. Активни состојки: • Натриум хиалуронатот е сол на хијалуронска киселина, чии помали молекули полесно се апсорбираат во кожата и има способност да го одржува потребното количеството на вода во кожата за таа да биде свежа и хидрирана. • Eкстрактот од Theobroma Cacao го зголемува протокот на крв во кожата и и дава антиоксидантна моќ на кожата што резултира со поздрав, посјаен тен, истовремено помагајќи да се излечи штетата предизвикана од постојана УВ-изложеност.
Benton Honest Eye Lash Serumе дневен серум за трепки со хидратантно дејство, кој ефикасно делува во негата за поздрави трепки. Интензивно помага во справувањето со тенки и кратки трепки без да предизвика иритација на очите.
Негувањето и одржувањето на трепките во здрава состојба е значајно во фазата на растење, а токму таква хранлива нега овозможува овој серум за трепки. Овој дерматолошки тестиран производ, ги зацврстува, подобрува и негува трепките со своите хидратантни состојки. Содржи 2 типа на пептиди, 17 типа на амино киселини и натриум хијалунорат кои придонесуваат за зацврстување на коренот на трепките, како и за поздрави и поеластични трепки.
Со прецизна и практична двојна четка со врв од мека топка, овозможува нега на коренот на трепките и самите трепки. Содржи чиста водена формулација, без масла, така што може да се користи и кога ќе се стави екстензија на трепки. Овозможува да се одржи ph балансот, со што овој серум е безбеден да се користи и на подрачјето околу очите.
Се препорачува за оние со тенки и слаби трепки, кои постојано користат екстензии, за тие што се особено чувствителни на надворешни штетни влијанија или штетни состојки, оние на кои им е потребно превенција од губење или оштетување на трепките и тие на кои им е потребна нега и хидратација на трепките.
Употреба: по чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од содржината на четката и нежно повлечете со четката од коренот, кон врвот на трепките.
Beauty of Joseon Repair Serum e лесен но хранлив серум збогатен со Ханбанг (корејска традиционална хербална медицина) состојки за длабинска хидратација, каде клучни состојки се водата од женшен и слузта од полжав.
Клучни состојки: вода од корен од женшен 63,36%, филтрат од слуз од полжав 3,01%. Истакнати состојки: аденозин, екстракт од мацутаке, екстракт од корен од женшен, ниацинамид, екстракт од плод од Cornus officinalis, хијалуронска киселина, хидролизирана хијалуронска киселина, натриум хијалуронат.
Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата.
Состав: вода од корен од Panax ginseng, бутилен гликол, 1,2-хександиол, филтрат од слуз од полжав, дипропилен гликол, вода, ниацинамид, глицерин, пропандиол, трехалоза, ксантан гума, глицерет-25 PCA изостеарат, глицерил акрилат/кополимер на акрилна киселина, етилхексилглицерин, карбомер, аденозин, екстракт од семе од Theobroma cacao (какао), екстракт од Tricholoma matsutake, трометамин, екстракт од лист од Rhododendron chrysanthum, динатриум EDTA, хидролизиран екстракт од леблебија, хијалуронска киселина, хидролизирана хијалуронаска киселина, декстрин, натриум хијалуронат, екстракт од Phellinus, екстракт од плод од Cornus officinalis, екстракт од корен од Glycyrrhiza glabra (сладок корен), екстракт од Akebiа, екстракт од корен од Panax ginseng.