2.350 ден
2.350 ден
Без оглед на возраста, водете добра грижа за кожата во пределот околу очите бидејќи тоа е најделикатната кожа на телото. Таа е десет пати потенка од oстанатата кожа на лицето. Таа е воедно и едно од најекспонираните области на надворешни влијанија. Кожата околу очите е првата што покажува знаци на стареење како фини линии и брчки. Исто така е подложна на опуштање, подуеност и потемнување кога е многу изложена на сонце и не е соодветно негувана.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗥𝗮𝗱𝗶𝗮𝗻𝗰𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗚𝗲𝗹 е ултра хидратантен гел збогатен со хијалуронска киселина и трипептиди кој нуди решение за повеќе проблеми со кожата околу очите.
Таргетира:
▪️ Подуеност под очите
▪️ Темни кругови
▪️ Длабоки брчки и фини линии
Бенефит:
▪️ Интензивно ја хидрира нежната кожа во пределот околу очите за да ја одржува мека, мазна и полна
▪️ Го поттикнува создавањето на колаген и ја затегнува кожата околу очите
▪️ Помага во обновувањето и зајакнувањето на кожата за да се намали изгледот на брчките, линиите и подуените кесички
▪️ Ја штити кожата од оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали
▪️ Ги намалува темните кругови околу очите
Клучни состојки:
▪️ Хијалуронската киселина интензивно ја хидрира кожата, така што таа станува видливо помазна и поцврста. Фините линии и брчки се омекнуваат преку повеќестепена хидратација на кожата и така се намалуваат.
▪️ Трипептидите се амино киселини кои продираат во нежната кожа на пределот околу очите за да го поттикнат создавањето на колаген и да го намалат изгледот на темните кругови. Имаат ефект на затегнување што помага да се подобри изгледот на опуштена и подуени кожа.
▪️ Дипептид-2 е состојка која ја поттикнува циркулацијата во лимфните садови со што ја намалува подуеноста под очите.
Женшен и ретинал, тоа е добитната комбинација за отстранување на брчките околу очите. Оваа извонредно ефиксна комбинација на состојки ќе ја најдете во серумот за очи 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 : 𝗚𝗶𝗻𝘀𝗲𝗻𝗴 + 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗮𝗹.
Овој производ е дизајниран за да ја подобри опуштената кожа околу очите. Нуди комбинација од 2% ретинал липозом кој има најдобро синергиско дејство со женшенот, позната традиционална анти-ејџ состојка. Оваа комбинација на состојки ефикасно ја враќа еластичноста на кожата, ги намалува брчките и ја обновува оштетената кожа.
Содржи 10% екстракт од корен од женшен богат со сапонин кој помага брзо снабдување со влажност на кожата и нејзино долготрајно задржување длабоко што помага за одржување на свежа и здрава кожа.
Ретиналот е дериват на витаминот А и се користи за подобрување на состојбата на брчките. Ретиналот кој директнно се претвора во ретиноична киселина, делува побрзо и поефикасно врз кожата од ретинолот (кој најпрво мора да помине низ процесот на претворање во ретинал, а потоа во ретиноична киселина за да може да дејствува). Во овој производ се користи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол во формула за поголема ефикасност.
Овој крем има нежна свиленкаста мека текстура која лесно се растопува во кожата без да остави чувство на лепливост.