Контакт
-
Кеј 13 Ноември 1000 Скопје ГТЦ 1-ви кат
Кеј 13 Ноември 1000 Скопје ГТЦ 1-ви кат
1.590 ден
Fundamental Ampule Mist на корејскиот бренд Dear, Klairs, претставува антиоксидантна фундаментална спреј ампула за постигнување на младешки изглед на кожата која се одликува со формула од различни растителни есенцијални води богати со хранливи материи. Состојките од вода од зелен чај од островот Џеџу, Luffa cylindrica и бамја се додадени за да допринесат за свеж и ревитализиран тен.
Благодарение на другите клучни состојки, краставица, ориз, екстракт од Laminaria japonica и трехалозата која има способност да ја задржува влагата, оваа спреј ампула има извонредна навлажнувачка способност да го одржи лицето хидрирано и по прскањето. Овој вегански производ, наменет за сите видови на кожа, не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла.
Употреба: Прскајте 2-3 пати дневно од спреј ампулата, на 20 cm оддалеченост од лицето и дозволете да се исуши на лицето или тапкајте нежно со прстите. Препорачливо е да се употребува после чистењето, а пред нанесувањето на навлажнувач.
Совет: Може да се користи и во било кој дел од денот за нега, освежување и хидрирање на кожата. Исто така, може да се користи како тонер во рутината за нега на кожа.
1.590 ден
Falling Into The Rose Mist на корејскиот бренд Sioris е спреј со хидрантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла, совршена за сите типови на кожа, особено за оние кои имаат помрсна кожа.
Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од 2% од лисја од чемпрес, 2,5% сквалан и 1,5% арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на производството на себум на кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Неговиот мирис на свежа роза е добиен само од природни есенцијални масла.
Овој производ е вегански и е првиот производ од Sioris сертифициран од COSMOS. Без никаква лепливост или чувство на маснотија, тој е одличен и за чувствителна и за мрсна кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да се измешаат водата и маслото и шприцајте 2-3 пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.