Кошничка 0 x

Product

Lapothicell Keep Your Youth Ultra Lift Daily Essence

1.690 ден

Нема на залиха

Достапност: Нема залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:
Информации

Ultra Lift дневната есенција е високо нутритивна маслена есенција која јa oбновува кожата и овозможува есенцијална нега за сува кожа, ја засилува еластичноста и помага да се намали појавата на фини линии и брчки. Со секојдневно користење на есенцијата, ќе добиете убаво затегната кожа, како и хидратантна, еластична, хранлива и смирувачка нега. Може да се користи и за мрсна кожа бидејќи оваа есенција е базирана на вода.

Благодарение на нејзините активни состојки Syn-Coll (патентирана состојка), аденосин и ацетил хексапептид-8, овој производ ги подобрува целокупните проблеми со кожата, дехидрираност, брчки и опуштена кожа и ја зголемува еластичноста. Syn-Coll помага да се забави процесот на стареење на кожата и го зајакнува производството на колаген.

Moringa Ceramide и екстрактот од чиа семе поттикнуваат и помагаат во одржување на нивото на влага со што се намалува појавата на фини линии и брчки. Чиа семето е исто така одличен извор на витамин Б3 и цинк, кој помага при мрсна кожа и запушени пори.

Екстрактот од Centella Asiatica е богат со аминокиселини, бета каротен, масни киселини и фитохемикалии. Оваа мешавина на хранливи материи нуди фантастични придобивки за кожата, вклучително и моќни својства против стареење. Екстрактот од Houttuynia Cordata ја смирува чувствителната кожа и е потврдено дека не предизвикува иритации.

Се препорачува за сува кожа со недостиг на еластичност, чувствителна кожа која лесно се иритира, кожа на која и недостига урамнотеженост на вода и масло.

Ultra Lift Daily Essence доаѓа со воздушнa пумпа. По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина на лицето и вратот, секое утро и вечер. Тапкајте нежно за подобар резултат.

Lapothicell Keep Your Youth Ultra Lift Daily Essence

1.690 ден

Нема на залиха