Кошничка 0 x

Product

Lapothicell Oil-Cut Clay Lotion

1.290 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Информации

Овој навлажнувач на база на глина ја прави кожата мека и кадифена преку впивање на вишокот на мрснотија, без сушење на кожата. Одржете го сјајот на кожата со контрола врз себумот додека ја хидрирате со овој розов глинен лосион. Со свежата навлажнувачка формула, го отстранува изгледот на мрсна кожа, делува смирувачки на чувствителната кожа и го враќа балансот на кожата на која и недостига урамнотеженост на вода и масло.

Розовата глина или каолин (100% од природно потекло) е минерал од глина сушен во еколошки регион и е познат по одличниот апсорбирачки ефект на вишокот на масло и отстранување на нечистотиите. Во комбинација со состојката силика, каолинот помага за мекиот и свеж изглед на кожата без маснотија во текот на денот и даваат голема ефикасност во контролата на себумот.

Формулата со навлажнувачки состојки произлезени од маслинка, го прави овој лосион лесно впивлив и ја хидрира кожата без лепливост. Екстракот од Centella Asiatica и Houttuynia Cordata, познати по смирувачките ефекти, нудат фантастични придобивки за кожата. Тие придонесуваат за инстантна хидратација и активно смирување на иритираната кожа без предизвикување на иритации. Хијалуронската киселина обезбедува постепена хидратација помеѓу текстурите на кожата, правејќи ја кожата влажна и свежа со многу еластичност.

Се препорачува за кожа што изгледа затемнета поради прекумерното испуштање на себум попладне, на која и недостига урамнотеженост на вода и масло, мрсна кожа со голема внатрешна дехидрираност, кожа на која и е потребно хидратантни козметички средства без лепливост и посебна нега во контролата на себумот.

Овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки ослободен од 7 парабени.

Нанесете на кожата секое утро и вечер на чисто лице. Нанесувајте повеќекратно на Т зоната или каде што има потреба.

За да уживате во најдобрите резултати за Вашата кожа Lapothicell препорачува овој лосион да се употребува заедно со следните производи: Pore Purifying Clay Mask → Pretox Foaming Cleanser → AC Daily Calming Peeling Booster

Lapothicell Oil-Cut Clay Lotion

1.290 ден