Кошничка 0 x

Product

Make P:rem Peel Me Radiance Peeling Sleeping Pack

1.490 ден

MAKE P:REM Peel Me Radiance Peeling Sleeping Pack е ноќна маска за нежен пилинг. Тоа е хипоалерген производ со лесна гел текстура со нежна PHA киселина која помага за отстранување на мртвите клетки на кожата, а воедно ја хидрира и прави по мека во текот на ноќта. Aqua церамидите имаат клучна улога во хридрирањето и обновувањето на заштитната бариера на кожата и прават таа да изгледа чиста и свежа.
Оваа гел крема обезбедува инстантна хидратација па затоа веднаш ќе ја почувствувате кожата свежа и навлажнета.
 
Овој производ може да го употребите една вечер пред некој важен настан, со цел да го вратите сјајот на лицето и да ја подобри целокупната состојба на кожата.
 
Употребете го MAKE P:REM Peel Me Radiance Peeling Sleeping Pack како последен чекор во ноќната рутина, ставете доволна количина и почекајте да се впие во кожата. Следното утро измијте го лицето и нанесете заштитен фактор за сонце.
 
Достапност: Има залиха
Сподели на:
Информации

Ноќна гел-маска која нежно ја обновува кожата со PHA пилинг додека длабоко ја хидрира.

Употреба: Користете мала количина како последен чекор во вашата рутина. Оставете ја да делува преку ноќ и исплакнете ја наутро.

Состав: вода, дипропилен гликол, бутилен гликол, глицерин, ниацинамид, 1,2-хександиол, пентилен гликол, PEG-240/HDI кополимер бис-децилтетрадецет-20 етер, гликозил трехалоза, карбомер, хидрогенизиран хидролизат на скроб, каприлил гликол, октилдодецет-16, PEG-60 хидрогенизирано рицинусово масло, диметикон, етилхексилглицерин, аминометил пропанол, арома, аденозин, лецитин, екстракт од лист од Melia azadirachta, динатриум EDTA, екстракт од цвет од Melia azadirachta, полиглицерил-10 олеат, алкохол, алантоин, инозитол, лактобионична киселина, сок од Betula platyphylla japonica, онсен, екстракт од плод од Coccinia indica, натриум дилаурамидоглутамид лизин, ксилитилглукозид, фермент од Thermus thermophillus, анхидроксилитол, екстракт од цвет од Aloe barbadensis, хидрогенизиран лецитин, екстракт од плод од Solanum melongena, екстракт од плод/лист од Vaccinium myrtillus, екстракт од лист од Ocimum sanctum, лизолецитин, фитостероли, линалол, ксилитол, натриум аскорбил фосфат, екстракт од Saccharum o…cinarum, каприлен/капрински триглицерид, лимонен, екстракт од корен од Curcuma longa, екстракт од Ascophyllum nodosum, екстракт од Corallina o…cinalis, екстракт од плод од Citrus aurantium dulcis, екстракт од плод од Citrus limon, гликоза, калиум лаурат, BHT, екстракт од Acer saccharum, церамид NP, ферментиран филтрат од корен од Leuconostoc/radish, калиум сорбат, глицерил каприлат, лимонска киселина.

Дерматолошки тестирано.

Нето содржина: 80ml.

Make P:rem Peel Me Radiance Peeling Sleeping Pack

1.490 ден