Кошничка 1 x

Product

Missha All Around Safe Block Essence Sun SPF45/PA+++ 50 ml

982 ден 671 ден

Пружете ѝ на кожата целосна заштита од штетното UV зрачење со лесно впивливото млеко за заштита од сонце 𝐌𝐢𝐬𝐬𝐡𝐚 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐄𝐬𝐬𝐞𝐧𝐜𝐞 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟒𝟓/𝐏𝐀+++.

Овој крем за заштита од сонце пружа моќна заштита благодарение на новиот двослоен систем за блокирање на UV зраците. Пружа полн спектар на заштита од UVA и UVB зраци. Обезбедува долготрајна и непробојна UV заштита, дури и кога влажноста се зголемува.

Отпорен на вода и пот, овој крем пружа долготрајна заштита. Благодарение на двослојниот систем на специјален полимер oстанува на своето место подолго време дури и кога е изложен на пот, вода, или топлина.

Содржи есенција со комплекс од 6 растителни екстракти за нега на кожата кои ја хидрираат и омекнуваат кожата, исто така ги подобруваат тенот и текстурата на кожата.

Заштитата од сонце е многу важна за да се спречи предвремеото стареење на кожата. Овој крем се бори против оштетувањето кое го предизикуваат UV зраците и против предвремените знаци на стареење. Помага во спречување на изгореници и може да го намали ризикот од рак на кожата и раното стареење на кожата доколку се користи според упатствата со други мерки за заштита од сонце.

Клучни состојки:

▪️ Екстрактот од лист од Camellia Sinensis (зелен чај) е моќен антиоксидант со UV заштитни, антиинфламаторни и антимикробни способности, корисен кај розацеа, акни и атопичен дерматитис.

▪️ Пантенолот е провитамин со навлажнувачко, хидратантно дејство, кој има антиинфламаторни и заштитни својства. Помага во спречување на иритација.

▪️ Сокот од лист од алое вера има силни антиинфламаторни, смирувачки и навлажнувачки својства.

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Missha All Around Safe Block Essence Sun SPF45/PA+++ 50 ml

982 ден 671 ден