Кошничка 1 x

Product

Mizon Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #21

1.190 ден

Високо покривен балзам со слуз од полжав кој ги покрива црвенлото и акните и дава свеж и сјаен изглед на кожата.

 

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Доколку барате високо покривен балзам за вистински свеж и природен изглед, пробајте го Mizon Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #21 со слуз од полжав кој ги покрива црвенилото и акните и дава сјаен изглед на кожата. Овој производ со нежна формула, содржи висока концентрација на слуз од полжав и природни навлажнувачки состојки, дава здрава покривност и придонесува за зголемување на хидратацијата на лицето.

BB кремот оригинално потекнува од Германија, каде што се користи за третирање на кожата после процедурата на дермоабразија, бидејќи помага за обновување на кожата и за нејзино брзо смирување. Овој продукт придонесува за осветлувањето на кожата, делува против брчки и штити од штетните UV зраци, кои се главни причинители за појава на хиперпигментација и пеѓи.

Гелот од еластомер што го содржи, ги пополнува пукнатините на кожата и ја прави понежна и помазна. Овој крем го одржува оптималното ниво на масло и вода во кожата.

Збогатен со ниацинамид и аденозин, има две фукции, заштитува од сонце и се користи како подлога за шминка. BB кремот се користи во последниот чекор од рутината на негата на кожата и може да се најде во повеќе тонови. Се препорачува за оние кои имаат чувствителна и сува кожа и за оние кои бараат навлажнувачка покривност со природен изглед.

Употреба: Нанесете умерено количество од прозводот на целото лице како последен чекор од вашата рутина за нега.

Состав: филтрат од слуз од полжав, титаниум диоксид, циклопентасилоксан, етилхексил метоксицинамат, глицерин, диизостеарил малат, фенил триметикон, цинк оксид, циклохексасилоксан, метил метакрилат кросполимер, PEG-10 диметикон, ниацинамид, циклометикон, натриум хлорид, триметилсилоксифенил диметикон, цетил PEG/PPG-10/1 диметикон, дистеардимониум хекторит, сорбитан сесквиолеат, полиетилен, триетоксикаприлилсилан, диметикон кросполимер, алуминиум хидроксид, етилхексилглицерин, аденозин, динатриум EDTA, железо оксид (CI 77492), железо оксид (CI 77491), железо оксид (CI 77499), феноксиетанол.

Mizon Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #21

1.190 ден