Употреба: По чистењето, нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за подобра апсорпција.
890 ден
Нема на залиха
Snail Recovery gel cream е лесен тип на гел крем кој помага во негување на кожата. Во својот состав содржи концентриран екстракт од секрет од полжав (80%) кој помага во санирањето на проблеми со кожата, преку намалување на лузни од акни, темни дамки и фини линии.
Употреба: По чистењето, нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за подобра апсорпција.
890 ден
Нема на залиха
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗖𝗶𝗰𝗮𝗳𝘂𝗹 𝗖𝗮𝗹𝗺𝗶𝗻𝗴 𝗚𝗲𝗹 ефикасно ја смирува иритираната и вжештена кожа додека интензивно ја хидрира и разладува.
Клиничкото тестирање спроведено во истраувачкиот центар Global Medical Research Center во Јужна Кореја, покажа дека 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗖𝗶𝗰𝗮𝗳𝘂𝗹 𝗖𝗮𝗹𝗺𝗶𝗻𝗴 𝗚𝗲𝗹 ја намалува температурата на вжештената кожа за 6°C.
Ja смирува кожата вжештена од сонце и ефикасно ја намалува температурата
на кожата веднаш по нанесувањето.
ДЕЈСТВО:
▪️ Ја смирува кожата и пружа инстант ослободување од иритацијата.
▪️ Богат е со антиоксиданти, ја штити кожата од оштетувањата на слободните радикали и го поттикнува нејзиното обновување.
▪️ Ја подобрува хидратацијата и пружа интензивна и долготрајна хидратација.
▪️ Го спречува губењето на влажноста и ја подобрува бариерата на кожата.
Екстрактот од центела ја смирува кожата и ја штити од иритација. Има антиоксидантно дејство, ја зајакнува кожата и го стимулира нејзиното обновување. Ги смирува акните и ја редуцира појавата на лузни од акни.
Церамидите ја зајакнуваат бариерата на кожата и помагаат да се обнови оштетената кожа. Исто така помагаат да се заджи влажноста во кожата и ја одржуваат полна, цврста и свежа.
Екстрактот од смоква е богат извор на антиоксиданти и витамини и помага да се неутрализираат слободните радикали и да се спречи оштетувањето и предвременото стареење кое го предизвикуваат. Ја одржува кожата чиста и го изедначува нејзиниот тон.
Производите на Beplain се вегански и cruelty-free.
Тоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.
Aromatica Soothing Aloe Aqua Cream е крем без мирис и боја кој е погоден за нега на чувствителна и иритирана кожа. Органскиот алое вера екстракт гелкој е дел од формулата на овој лесно впивлив крем, ја навлажнува и смирува кожата. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.
Овој крем е сертифицирано вегански и е направен од 95% природни состојки. Содржи 83% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат, церамиди, вода од лаванда, хидролизирани гликозаминогликани, екстракт од рузмарин и екстракт од камилица. Производот има EWG VERIFIED™ сертификат.
⠀
Церамидите се состојка со докажано анти-ејџинг дејство, помоќно од она на ретинолот, ниацинамидот и пептидите. Помагаат во зајакнувањето на заштитниот слој на кожата, зголемување на хидратацијата и постигнување на помазна, позатегната и поцврста кожа со помалку видливи линии и брчки.
⠀
Водата од лаванда има антиинфламаторно и терапевтско дејство.
⠀
Гликозаминогликаните (GAG) познати како мукополисахариди, помагаат за поддршка и одржување на структурните протеини на кожата како што се колагенот и еластинот. Нивните молекули врзуваат големо количество вода и на кожата ѝ даваат длабинска и богата хидратација, со што ја спречува појавата на нови брчки.
⠀
Екстрактот од рузмарин е антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали. Тој ја снабдува кожата со железо, калциум и витамини.
⠀
Екстрактот од камилица има антиинфламаторно, антифугално, антибактериски и антиоксидантно дејство.
⠀
Овој производ е вегански и Cruelty Free, не содржи парабени, силикони, сулфати, фталати, PEG, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
⠀