Контакт
-
Кеј 13 Ноември 1000 Скопје ГТЦ 1-ви кат
Кеј 13 Ноември 1000 Скопје ГТЦ 1-ви кат
1.162 ден
Нема на залиха
Rose Berry 70 Sleeping Pack е производ на корејскиот бренд Langsre, кој содржи 70% екстракт од цветни листови од роза, сконцентриран во есенција која на вашата кожа и ја враќа влажноста и свежината во текот на ноќта.
Маската се нанесува навечер со лесна масажа на лицето, за да ја негува и регенерира вашата кожа во текот на ноќта, а наутро се измива со млака вода. Оваа маска има многу висока антиоксидантна содржина што ја прави кожата на лицето свежа и еластична, и има поголема моќ на хидратација и побогата хранлива содржина од повеќето ноќни креми. Негувањето на кожата на лицето во текот на ноќта е важно бидејќи по активностите во текот на денот потребно е клетките на кожата да се регенерираат. Во текот на денот лицето ги губи хранливите состојки, изложено е на УВ зраци и загадување, и ако не се третира, кожата може да покаже знаци на предвремено стареење.
Состојки:
• Една од главните состојки во оваа маска e екстрактот од Rosa Centifolia, којa е многу популарна состојка во светот на убавината поради одличното дејство врз кожата. Дејствата на екстрактот од роза се следните:
– Се користи за лекување на проблеми со кожата како што се акни, бидејќи неговите антибактериските својства помагаат во уништување на бактериите кои предизвикуваат појава на акни.
– Го намалува црвенилото и ја смирува кожата.
– Има антиоксидантно дејство и е богат со високо количество на Витамин Ц, така што ја штити здравата кожа од слободни радикали и штетни влијанија и ја обновува оштетената кожа.
– Има навлажнувачко дејство и ја снабдува кожата со потребното количество вода и го спречува губењето на влажноста.
• Натриум хиалуронатот е сол на хијалуронска киселина, чии помали молекули полесно се апсорбираат во кожата и има способност да го одржува потребното количеството на вода во кожата за таа да биде свежа и хидрирана.
• Ниацинамидот исто така познат како витамин Б3 или никотинска киселина е многу ефикасна состојка за обновување на кожата која пружа повеќе придобивки против стареењето на кожата, како што е способноста за видливо подобрување на состојбата на кожа со зголемени пори, нерамномерен тон, ситни брчки, уморен изглед и ослабен површински слој.
• Филтратот од слуз од полжав е познат по своите anti-aging својства. Тој го стимулира формирањето на колаген и еластин, ја штити кожата од слободни радикали, ја смирува иритацијата, помага во обновување на оштетените ткива и на кожата и ја враќа потребната влажност. Помага при третирање на сува кожа, брчки, стрии, акни, розацеа, старечки дамки, лузни и т.н. Тој содржи хранливи материи како хиалуронска киселина, гликопротеини, протеогликани и пептиди кои се корисни за кожата.
Производот не содржи парабени, сулфати, алкохол, силикони, вештачки мириси и бои.
1.162 ден
Нема на залиха