Кошничка 0 x

Product

Orange Cleansing Sherbet

1.760 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Информации

Orange Cleansing Sherbet на познатиот корејски бренд за природна и органска козметика AROMATICA е нежно, но ефикасно средство за чистење на лицето на маслена база, кое со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави нежен пилинг на лицето, отстранувајќи ги наталожените мртви клетки. Toa е балсам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.

Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, бојата и активните состојки.

Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се растворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин-Е, кои на кожата ѝ даваат еластичност.

Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се  маслото од цвет на Кананга одората (Cananga odorata), маслото од стебло на Цедрус атлантица –  кедар (Cedrus atlantica) и маслото од кора на Цитрус аурантиум дулцис – портокал (Citrus aurantium dulcis).

Состојки: масло од Helianthus annuus, сорбет-30 тетраолеат, полиетилен, масло од јатка од Prunus armeniaca, *масло од семе од Orbignya oleifera, **лимонен, масло од цвет од Cananga odorata, масло од Cedrus atlantica, токоферол, масло од лушпа од Citrus aurantium dulcis, **бензил бензоат, **линалул *сертифицирано органски **од природно есенцијално масло

Orange Cleansing Sherbet

1.760 ден