1.860 ден
Deep In a Barrier Cream на корејскиот бренд Sioris е крем со светло зелена кремаста текстура кој помага во обновување на бариерата на кожата. Во неговиот состав се наоѓа маслото од таману и шеа путерот, идеална формулација на состојки кои помагаат во балансирање и смирување на сувата, иритирана кожа, без чувство на маснотија.
Маслото од Таману има длабок и изразен медицински мирис кој потсетува малку на орев. Sioris е бренд кој никогаш не користи вештачки мириси во нивните производи, така што овој мирис е природен, а производот вегански.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот на лицето и нежно тапкајте со дланките за подобра апсорпција.
1.860 ден