1.290 ден
Со изобилство од природни и органски состојки, Feel So Fresh Toner од корејскиот бренд Sioris, и помага на кожата да ја врати рамнотежата, истовремено додававајќи и хидратација и подобрувајќи ја текстурата на кожата.
Органскиот екстракт од цитрус од Џеџу е преполн со витамин Ц, кој помага во осветлувањето на кожата, додека екстрактот од брокула додава хидратација на чувствителната кожа. Екстрактот од кора од црна врба нежно ја ексфолира кожата, помага да се елиминираат црните точки и мртвите клетки, како и во контролата на себумот.
Овој природен тонер е направен со 90% органски сезонски состојки од Јужна Кореја, за оптимална свежина и ефикасност. Клинички тестиран, не иритирачки, овој тонер е совршен за оние со мрсна, комбинирана и чувствителна кожа. Со ниска pH вредност и антимикробен, овој тонер не содржи парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
УПОТРЕБА: По чистењето, нанесете го тонерот на памучна подлога и со кружни движења, нежно поминете низ целото лице.
1.290 ден
Rice Biome Bubble Peeling e благ дневен пилинг на корејскиот бренд MAKE P:REM. Тоа е пенлив пилинг со нежни меурчиња, формулиран со биом на ориз и LHA за да помогне во отстранување на мртвите клетки на кожата. Оризовиот биом е добиен од ферментиран ориз со lactobacillus, кој врши блага екфолијација а воедно ја остава кожата нежна и хидрирана.
Содржи влакна од јаболко и ниско-иритирачки пилинг LHA кој ја подобрува текстурата на кожата и го изедначува тенот.
Овој производ е наменет за сите типови кожа, посебно за најосетливата. Овој пилинг има меуреста формула со која се намалува и избегнува иритација на кожата.
Make P:rem Rice Biome Bubble Peeling е без синтетички мириси, без вештачки бои, без штетни состојки.