Кошничка 0 x

Product

Sioris My First Essencer

1.790 ден

My First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.

Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.

Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.

Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:

Sioris My First Essencer

1.790 ден