1.180 ден Original price was: 1.180 ден.792 денCurrent price is: 792 ден.
Нема на залиха
1.180 ден Original price was: 1.180 ден.792 денCurrent price is: 792 ден.
Нема на залиха
𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝟯𝟬% 𝗚𝗲𝗹 𝗣𝗲𝗲𝗹 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е производ кој го препорачуваме за поискусните skincare корисници. Тоа е пилинг гел со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај.
Пилинг гелот со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 ги ексфолира мртвите клетки на кожата за да открие посветла, порамномерна и помазна површина на кожата.
Овој пилинг исто така помага да се минимизираат порите, комедоните и акните. Може да очекувате видливо подобрување на изгледот на фините линии, брчките, хиперпигментацијата и целокупната текстура на кожата.
Бенефит:
▪️ Продира во подлабоките слоеви на кожата, ги отстранува мртвите клетки и ги чисти порите за да открие почиста кожа.
▪️ Поттикнува здраво создавање на колаген.
▪️ Ги намалува фините линии и брчките.
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се избледи хиперпигментацијата и темните дамки.
▪️ Се бори со акните и комедоните.
▪️ Ги намалува порите.
▪️ Не содржи штетни состојки.
▪️ Дава загарантирани резултати.
Употреба: Навлажнете го лицето и измијте го темелно. Нанесете го пилинг гелот на памучен тупфер и нанесете на лицето, избегнувајќи ја областа околу очите, ушите и усните. Пилинг гелот треба да стои на лицето само неколку минути и НЕ го оставајте повеќе од 8 минути. Исплакнете ја и темелно исчистете ја кожата со ладна вода. Во периодот кога го користите, мора задолжително да употебувате крем со заштитен фактор во текот на денот. Пред употреба мора да го прочитате деталното упаство и строго да се придржувате до него.
Medicube PDRN Booster Gel е иновативен хидратантен гел кој ја обновува и зајакнува кожата, оставајќи ја мазна, еластична и блескава. Формулиран со PDRN (Polydeoxyribonucleotide), овој гел го поттикнува природното регенерирање на кожата, помагајќи во обновата на оштетените клетки и зајакнување на заштитната бариера.
Хијалуронската киселина овозможува долготрајна хидратација со привлекување и задржување на влагата во кожата, додека ниацинамидот го подобрува тенот и ја намалува иритацијата. Екстрактот од Centella Asiatica делува смирувачки, го намалува црвенилото и придонесува за урамнотежен изглед на кожата.
Благодарение на формулата со седум вида пептиди, овој гел ја враќа еластичноста и помага во обновата на нарушената кожна бариера. Лесната текстура овозможува брза апсорпција, оставајќи ја кожата нежна и освежена.
Со редовна употреба, Medicube PDRN Booster Gel овозможува видливо подобрување на текстурата и здравиот сјај на кожата.
Како да се користи: нанесете умерена количина на чиста кожа и нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Погоден за сите типови кожа, особено за чувствителна и дехидрирана кожа која има потреба од смирување и обновување.