Thermal Micellar Water, термална мицеларна вода со ниацинамид и бетаин која е формулирана за ефикасно отстранување на шминката и нечистотиите притоа обезбедувајќи нежна нега за чувствителната кожа. Овој нежен раствор за чистење, збогатен со ниацинамид (витамин Б3) и бетаин, не само што ја прочистува кожата, туку помага и во одржување на нејзината природна заштитна бариера. Ниацинамидот помага да се контролира себумот и да се намали црвенилото, додека бетаинот, познат по своите навлажнувачки својства, обезбедува хидратација и смирување. Идеална за секојдневна употреба, термалната мицеларна вода ја остава кожата чиста, свежа и удобна без да предизвикува сувост или иритација.
СОСТОЈКИ:
Аква/Термална вода, PPG-26-Buteth-26, глицерин, полоксамер 184, бетаин, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, бензил алкохол, ниацинамид, феноксиетанол, салицилна киселина, динатриум ЕДТА, сорбинска киселина, етилхеликсглицерин.
Природниот рачно изработен сапун со невен и мед, одговара на сите типови кожа. Тој е ефикасен против различни воспалителни процеси и габични инфекции, ја тонира и чисти кожата. Медот длабински ги чисти порите ѝ дава виталност и ја хидрира кожата, додека невенот делува антисептично. Есенцијалното масло од лимонова трева содржано во овој сапун има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.
Природниот рачно изработен сапун со коприва ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност. Погоден е за сите типови на кожа како и за миење на кратка коса. Благодарение на драгоцените состојки кои ги содржи копривата како што се флавоноидите, стеролите, хлорофилот, минералните соли, витаминот Ц, провитаминот А и други делотворни состојки, овој сапун ја зајакнува заштитата на кожата, ги намалува воспаленијата и црвенилото, делува антибактериски, го регулира создавањето на себумот, го стимулира растот на косата и го елиминира првутот.
AHA/PHA Exfoliating Toner - тонер за пилинг со гликолна киселина и глуконолактон, е дизајниран да обезбеди ефективен и нежен пилинг на кожата, длабински чистејќи ги порите. Гликолна киселина, природна АХА, ја подобрува текстурата на кожата и видливо ја намалува хиперпигментацијата, додека Глуконолактонот, PHA, обезбедува антиоксидантни и анти-ејџинг придобивки. Овој тонер го стимулира производството на колаген, ги измазнува ситните брчки и ја максимизира ефикасноста на последователните производи за нега на кожа. Погоден за сите типови кожа, освен за чувствителна кожа, тонерот за ексфолијација ја трансформира кожата, давајќи и посветол, порамномерен изглед. Редовната употреба, заедно со соодветна заштита од сонце, може да доведе до значително подобрување на состојбата на кожата.
СОСТОЈКИ:
АКВА/ТЕРМИЛНА ВОДА, ГЛИКОЛНА КИСЕЛИНА, СОК од ЛИСТОТ ALOE BARBADENSIS, ГЛИЦЕРИН, ПРОПИЛЕН ГЛИКОЛ, УРЕА, НАТРИУМ ХИДРОКСИД, ФЕНОКСИЕТАНОЛ, ПАНТЕНОЛ, КСИЛИТОЛ, ТРИЕТАНОЛАМИН, ГЛУКОНОЛАКТОН, PPG-26-BUTETH-26, ЕТИЛХЕКСИЛГЛИЦЕРИН, PEG-40 ХИДРОГЕНИЗИРАНО РИЦИНУСОВО МАСЛО, ЛИМОНСКА КИСЕЛИНА, ЕКСТРАКТ НА ЛИСТ ОД CAMELLIA SINENSIS, НАТРИУМ БЕНЗОАТ, КАЛИУМ СОРБАТ