-
Aromatica Comforting Calendula Decoction Juicy Cream 150g
2.120 ден1.972 денНаправен од 90,4% природни состојки, од кои 13% се органски состојки, Aromatica Comforting Calendula Decoction Juicy Cream е совршен избор за Вашата кожа доколку ја чувствувате дехидрирана или иритирана.
Неговата формула е богата со церамиди и полисахариди од семе од тамаринд, благодарение на кои длабински ја хидрира кожата и подолго ја задржува влажноста.
Овој природен нежен крем, целисно е направен од безбедни состојки, поради што е погоден за чувствителна кожа, а совршен е дури и за бебиња.
Наместо вода, содржи 48% екстракт од цвет од невен кој го ублажува стресот на кожата и е исклучително ефикасен за смирување на кожата. Екстрактот од невен има антиоксидантни, анти-бактериски, антиинфламаторни, па дури и анти-габични својства.
Содржи шиа путер и кокосово масло кои ја навлажнуваат и омекнуваат кожата, но истовремено делуваат и анти-инфламаторно и помагаат за побрзо зараснување на раните.
Содржи екстракт алое вера, кој е богат со гликопротеини, кои имаат антиинфламаторни својства и полисахариди, кои можат да го стимулираат растот на кожата и да ги поправат нејзините недостатоци.
Се нанесува на лицето после балансирањето на pH нредноста со тонер. На сувите подрачја може да се нансува онолку пати колку што е потребно во текот на денот. Може да се користи самостојно или да се помеша со неколку капки масло за лице, доволно за да се задржи влагата без да се чувствува тешко или мрсно на кожата. Има свиленкаст финиш и е добра подлога за шминка.
-
AROMATICA Natural Coconut Cleansing Oil 300ml
1.993 денЗа совршено чиста кожа, користете го 𝗡𝗮𝘁𝘂𝗿𝗮𝗹 𝗖𝗼𝗰𝗼𝗻𝘂𝘁 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗢𝗶𝗹 на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔.
Тоа е хипоалергено и лесно масло со нежен природен мирис, наменето за миење на лицето, кое не остава мрсна трага по миењето. Се препорачува како прв чекор од рутината, по кој следи чистење со пенливо средство за поефикасно чистење и повидливи резултати.
Со леснотија ја отстранува шминката, особено од областа околу очите, благодарение на својата високата способност за чистење. Нежно ја отстранува шминката без да ја иритира чувствителната област околу очите или самите очи.
Формулирано од природни масла ова масло е нежно кон кожата, но ефикасно ги отстранува и натврдокорните нечистотии и остатоци од шминка од лицето. Исто така ги чисти ситната прашина и нечистотиите од загадувачите од околината наталожени на кожата во текот на денот.
Главна улога игра маслото од кокос кое е ладно цедено и сертифицирано органско масло. Ја навлажнува кожата, оставајќи ја свежа.
По миењето ја прави кожата мека и свежа, оставајќи ја добро навлажнета и без чувство на сувост и затегање.
Направено е од неиритрачки природни состојки, без силикони, парабени и минерални масла. Тоа е безбеден производ со највисоко ниво на безбедност верифициран од EWG и вегански производ верифициран од The Vegan Society. Спакуван е во eco-friendly рециклирачка амбалажа.
Производот е cruelty-free.
-
Aromatica Orange Cleansing Sherbet 180g
2.150 ден1.978 денAromatica Orange Cleansing Sherbet е нежен, но ефикасен балзам за чистење на лицето на маслена база, кој со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави благ пилинг на лицето отстранувајќи ги наталожените мртви клетки.
Toa е балзам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.
⠀
Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, боја и активни состојки.Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се расворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина, благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин Е кои на кожата и даваат еластичност.
⠀
Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се маслото од цвет на Cananga odorata, маслото од стебло на Cedrus atlantica (кедар) и маслото од кора на Citrus aurantium dulcis (портокал). -
Aromatica Organic Aloe Vera Gel 300ml
950 денПружете ѝ интензивна хидратација на вашата жедна кожа со органскиот алое гел на познатиот корејски бренд за органска и природна козметика AROMATICA.⠀𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗢𝗿𝗴𝗮𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗹𝗼𝗲 𝗩𝗲𝗿𝗮 𝗚𝗲𝗹 е нелеплив, безбоен, лесен гел кој брзо се апсорбира. Пружа интензивно освежување и смирување на кожата од иритација, црвенило, изгореници од сонце и смирување на акни. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.Содржи и вода од рузмарин која помага во подобрување на тенот и смирување на акните и иритацијата.⠀Овој гел е сертифицирано вегански и е направенод 100% природни состојки. Содржи 96% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат.Производот е дерматолошки тестиран и е докажано хипоалергенски. Безгрижно може да го користи целото семејство, дури и најмалите.Погоден е за употреба кај сите типови кожа, масна, нормална комбинирана, сува вклучително и чувствителна. Може да се вметне во различни рутини за нега на лицето за да се постигне дополнителна хидратација и смирување на кожата.Примена:- Хидратантен гел пред нанесување крем на лицето
- После бричење
- После сoнчање
- Како гел за масажа
- После капење
- За смирување на акни, иритација и црвенило на кожата
- Со апарати за масажа на лице
-
Aromatica Reviving Rose Infusion Cream
3.737 ден2.616 денВшата кожа заслужува посебен третман. Пружете ѝ врвна нега со луксузниот крем на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔, 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺.
𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 е интензивен навлажнувачки крем со моќно антиејџ дејство, кој ја одржува свежината и еластичноста на кожата од подлабоките слоеви до површината.
Формулиран е со есенцијално масло и екстракт од Rosa damacscena и покажува антиоксидантни својства на исто ниво на токоферолот кој еден од најпознатите антиоксиданти
Збогатен е со антиејџ сотојки како ниацинамид, аденозин и токоферол за моќна борба против брчките и помазна, поцврста и поеластична кожа.
Петте типа на хјалуронска киселина обезбедуват доготрајна хидратација од најдлабоките слоеви до површината на кожата. Затоа овој крем има моќ да ги пополнува брчките и го спречува нивното продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Содржи моќен комплекс на екстракти од неколку видови бобинки кои се витаминска бомба и ја енергизираат и ревитализираат кожата.
Природните екстракти во овој крем се добиени со специјален метд на декокција. Тоа е метод на екстракција без загревање, која ги екстрахира активните состојки без да го наруши нивниот квалитет. Со тоа тие ја задржуваат својата ефикасност.