395 ден Original price was: 395 ден.237 денCurrent price is: 237 ден.
Нема на залиха
Ајлајнер кој обезбедува нежна апликација, не ја оштетува и не ја истегнува нежната кожа на очните капаци. Кога е целосно сув, создава трајна обвивка, која не се размачкува. Овој ајлајнер во форма на удобен молив ви овозможува да креирате и тенка и дебела линија, во зависност од аголот на апликацијата. Заситените пигменти задржуваат богата боја цел ден, а соиното масло се грижи за чувствителната кожа на очните капаци.
Употреба: Нежно повлечете ја линијата за очи долж линијата на трепките.
395 ден Original price was: 395 ден.237 денCurrent price is: 237 ден.
Нема на залиха
Кремастата текстура непречено се нанесува за да даде убава линија на очите. Различните бисерни бои овозможуваат свеж изглед на линијата за очи и исто така, може да се користат како долготрајни сјајни сенки за очи. Слабата кремаста бисерна текстура овозможува супер деликатно и меко цртање.
Употреба: Нежно повлечете ја линијата за очи долж линијата на трепките.
За совршени веѓи со природен изглед пробајте ги Wonder Drawing Skinny Eye Brow моливчињата на Holika Holika.
Веѓите ги надополнуваат со боја со природен изглед, а благодарение на својата текстура не се размачкуваат и нијансата останува долго време. Интегрираната на веѓите им дава дополнителна прецизност и совршена форма. Восокот, кој го содржат моливчињата придонесува за долготраен ефект и отпорност при потење. Содржи витамин C и шеа путер кој имаат поволно дејство врз кожата.
Употреба: Веѓите со помош на четка се поставуваат во саканата насока. Со помош на моливчето се зајакнува линијата на веѓите, а со мали линии се имитираат влакната на веѓите. Потребно е да се обрне поголемо внимание на повисокиот дел од веѓите и особено на работ на веѓата.
Пигментираното руменило може да се пофали со мека текстура слична на желе која се претвора во прав додека се прилепува на кожата со мазна и вибрантна завршница.
Употреба: Нанесете со четка и нежно тапкајте за да им дадете руменило на образите.
„Мастила“ за усни на водена база и течна текстура со живи овошни нијанси кои на усните им даваат долготрајно обојување со природен изглед и хидратантен сјај без лепливост. Формулирани со екстракт од зелен домат за подобрување на еластичноста на усните и подобрување на брчките, екстракт од бобинки од глог за смирување и навлажнување на усните, како и екстракти од грејпфрут и калинка кои на усните им даваат здрава боја.