Неговото име е составено од првите слогови на зборовите „Simple“ и „Original“ (во превод „Едноставно“ и „Оригинално“) како симбол за наједноставниот начин да се задржи свежината од природата во производите за нега на кожата.
Sioris верува дека најдобрите производи за нега на кожата се прават од чисти состојки. Затоа Sioris секое шишенце го произведува со посебно внимание и потребен труд, за да обезбеди свежи чисти состојки, а притоа да избегне било какви штетни дериватни состојки во текот на производствениот процес и финалниот производ.
Sioris верува дека најделотворните природни состојки се создаваат во текот на четирите годишни времиња во текот на целиот годишен циклус на растенијата, преку нивните корења, изданоци, плодови, цветови и лисја.
Затоа Sioris, природните органски сезонски состојки ги подготвува веднаш по бербата за да создаде несекојдневно свежи производи за нега на кожата.
-
Sioris My First Essencer
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.253 денCurrent price is: 1.253 ден.My First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.
Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.
Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.