-
Beauty of Joseon Ginseng Essence Water 150ml
1.090 денOriginal price was: 1.090 ден.781 денCurrent price is: 781 ден.Beauty of Joseon Ginseng Essence Water е богата есенција со 80% гинсенг вода, создадена за интензивна хидратација, подмладување и изедначување на тенот на кожата. Гинсенгот, познат како “билка од боговите” во корејската традиција, е клучна состојка за здрава и негувана кожа.
Клучни состојки и придобивки:
- Вода од корен од женшен (80%) – богата со сапонини, обезбедува долготрајна хидратација и ја зајакнува кожата со есенцијални хранливи материи. Гинсенгот е познат по својата способност да ја врати еластичноста и виталноста на кожата.
- Ниацинамид (2%) – го регулира себумот, го изедначува тенот и го подобрува балансот на влага и маснотии во кожата.
- Женшен комплекс – дополнителна мешавина на екстракти од гинсенг, што ја зајакнува бариерата на кожата и ја штити од надворешни фактори.
Придобивки:
- Долготрајна хидратација – обезбедува влага длабоко во кожата за свеж и здрав изглед.
- Изедначен тен – ги намалува мртвите клетки и ја подобрува текстурата на кожата за посветол и порамномерен тен.
- Антиоксидативна заштита – гинсенгот помага во заштита од слободните радикали и стимулира регенерација на кожата.
Како да се користи:
Нанесете мала количина на есенцијата на чисто лице по тонерот и нежно тапкајте додека не се апсорбира. Може да се користи и како хидратантен чекор во утринската и вечерната рутина.
Оваа есенција е идеална за сите типови кожа, особено за оние што бараат длабока хидратација, подмладување и подобрување на текстурата на кожата.
-
Beauty of Joseon Ginseng Essence Water 40ml
640 денOriginal price was: 640 ден.608 денCurrent price is: 608 ден.Beauty of Joseon Ginseng Essence Water е богата есенција со 80% женшен вода, создадена за интензивна хидратација, подмладување и изедначување на тенот на кожата. Женшенот, познат во корејската традиција како “билка од боговите” , е клучна состојка за здрава и негувана кожа.
Клучни состојки и придобивки:
- Вода од корен од женшен (80%) – богата со сапонини, обезбедува долготрајна хидратација и ја зајакнува кожата со есенцијални хранливи материи. Женшенот е познат по својата способност да ја врати еластичноста и виталноста на кожата.
- Ниацинамид (2%) – го регулира себумот, го изедначува тенот и го подобрува балансот на влага и маснотии во кожата.
- Женшен комплекс – дополнителна мешавина на екстракти од женшен, што ја зајакнува бариерата на кожата и ја штити од надворешни фактори.
Придобивки:
- Долготрајна хидратација – обезбедува влага длабоко во кожата за свеж и здрав изглед.
- Изедначен тен – ги намалува мртвите клетки и ја подобрува текстурата на кожата за посветол и порамномерен тен.
- Антиоксидативна заштита – женшенот помага во заштита од слободните радикали и стимулира регенерација на кожата.
Како да се користи:
Нанесете мала количина на есенцијата на чисто лице по тонерот и нежно тапкајте додека не се апсорбира. Може да се користи и како хидратантен чекор во утринската и вечерната рутина.
Оваа есенција е идеална за сите типови кожа, особено за оние што бараат длабока хидратација, подмладување и подобрување на текстурата на кожата.
-
COSRX Advance Snail Radiance Dual Essence 80ml
2.290 денOriginal price was: 2.290 ден.2.061 денCurrent price is: 2.061 ден.Toa e производ со двојна функција, 2 серуми во едно, серум со филтрат од слуз од полжав и серум со ниацинамид. Овој производ ќе ви помогне да ги подобрите тенот и еластичноста на вашата кожа благодарение на синергетскиот ефект на овие две исклучително ефикасни состојки.⠀ЗОШТО Е ПОСЕБНА ОВАА ЕСЕНЦИЈА?⠀• Производот содржи висока концентрација на филтрат од слуз од полжав за богата прихрана и хидратација на кожата. Застапени се 3 типа на слуз од полжав за поголема ефикасност. Слузта од копнен полжав ја хидрира кожата и ја подобрува нејзината текстура. Црниот муцин ги контролира порите и помага во регенерација на кожата. Златниот муцин од школка ги спречува штетните UV зраци и на кожата ѝ ја дава потребната влажност.⠀• Содржи поголем процент на ниацинамид уште познат како витамин B3, за подобрување на тенот, отстранување на пигментираните дамки и зајакнување на бариерата на кожата.⠀• Содржи глутатион кој го подобрува тенот и текстурата на кожата.⠀• Неговата формула продира преку површинскиот слој на кожата во нејзините подлабоки слоеви снабдувајќи ја со потребната влажност и давајќи ѝ свежина и полн изглед. -
COSRX Advanced Snail 96 Mucin Power Essence 100ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.1.161 денCurrent price is: 1.161 ден.Земја на производство: Република Кореја Состав: Snail Secretion Filtrate, Betaine, Butylene Glycol, 1,2-Hexanediol, Sodium Polyacrylate, Phenoxyethanol, Sodium Hyaluronate, Allantoin, Ethyl Hexanediol, Carbomer, Panthenol, Arginine. -
FAU Shiny Pumpkin Repair Essence 150ml
1.684 денFAU Shiny Pumpkin Repair Essence е интензивна есенција за обновување и зацврстување на кожата.
Shiny Pumpkin Repair Essence е лесна, но длабоко хидратантна есенција, создадена за осветлување на тенот и подобрување на еластичноста на кожата. Со 75% екстракт од тиква како основа, оваа проѕирна гел-формула е збогатена со 17 есенцијални аминокиселини, кои ја градат кожата, и EGF (епидермален растен фактор) за стимулирање на нејзината природна регенерација. Овој уникатен состав продира длабоко, ги надополнува протеините кои ја сочинуваат кожата, враќајќи ѝ ја цврстината, виталноста и природниот сјај.
Придобивки од користење:
- Длабинска хидратација со лесна, нежна текстура
- Ја обновува и зацврстува кожата со висока концентрација на активни состојки
- Ги намалува брчките и ја подобрува еластичноста
- Ја осветлува кожата и ѝ дава свеж, здрав изглед
Како се користи:
По нанесување на серум, земете соодветна количина од есенцијата и нежно нанесете ја од центарот кон контурите на лицето. Оставете ја да се впие целосно.Клучни состојки:
75% екстракт од тиква за хидратација и регенерација, алантоин за смирување на кожата, EGF за стимулирање на обновата на клетките, комплекс од 17 аминокиселини за зајакнување на кожната структура, хијалуронска киселина за долготрајна хидратација и хидролизиран протеин од грашок за потхранување на кожата.За цврста, здрава и блескава кожа со секојдневна употреба.
-
FAU Shiny Pumpkin Travel Kit (foam toner 30ml, essence 15ml, cream 10g)
1.490 денОвој практичен мини сет од брендот FAU содржи три производи со екстракт од тиква и моќни активни состојки, дизајнирани да ја обноват, навлажнат и зацврстат кожата. Идеален за патување или пробно користење, сетот ги комбинира предностите на есенции, серуми и креми за комплетна анти-ејџ нега и интензивна хидратација.
Сетот вклучува:
-
Shiny Pumpkin Amino Therapy (30ml) – Ампула со екстракт од тиква, аминокиселини, соја протеин и хијалуронска киселина за смирување, еластичност и интензивна нега.
-
Shiny Pumpkin Repair Essence (15ml) – Хидратантна есенција со аминокиселини и тиква, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ѝ дава природен сјај.
-
Shiny Pumpkin Cera Repair Cream (10g) – Крем со 5-церамиден комплекс и ши путер кој ја обновува кожната бариера и ја зголемува цврстината и еластичноста.
Клучни придобивки:
-
Формула против брчки и за изедначување на тенот
-
Високо хидратантно и хранливо дејство
-
Лесно пакување, идеално за патување или како вовед во линијата
-
Подобрување на густината, сјајот и отпорноста на кожата
Активни состојки:
Екстракт од тиква (Cucurbita Pepo), алантоин, ниацинамид, аденозин, ши путер -
-
House Of Hur Brightening Skin Prep Essence Pad 140ml (70ea)
1.651 денЗапочни ја рутината со свежина и сјај со Brightening Skin Prep Essence Pad, иновативни тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат интензивна хидратација и нега за осветлување и воедначување на тенот. Совршени за отстранување на наталожени нечистотии, мртви клетки и подготовка на кожата за следните чекори од рутината, овие тупфери се првиот чекор кон блескава, мазна и негувана кожа.
Изложеноста на УВ зраци доведува до зголемено создавање на меланин, појава на дамки, нерамномерен тен и губење на сјај. За да го спречиш ова, потребна е нега која дејствува и на површината и во длабоките слоеви на кожата. Brightening Skin Prep Essence Pad користи ефективна комбинација од алфа-арбутин и ниацинамид, заедно со екстракт од ориз и житарки од регионот Јеожу, за да го регулира производството на меланин, да ја намали хиперпигментацијата и да го изедначи тенот.
Со редовна употреба, тенот станува посветол, мазен и визуелно порамномерен. Формулата е доволно нежна за да се користи и наутро и навечер, бидејќи не создава чувствителност на сончева светлина.
Есенцијата од овие тупфери овозможува:
- Нежна ексфолијација за подобрување на текстурата
- Длабинска хидратација без лепливост
- Израмнување и осветлување на кожата
- Смирување на иритации и црвенило благодарение на природни растителни екстракти
Клучни состојки:
- Алфа-арбутинот е природен осветлувач што го блокира формирањето на меланин.
- Ниацинамидот го намалува брчките и го зајакнува кожниот бариерен слој.
- Екстрактот од ориз и житарки ја храни, хидрира и ја штити кожата од сушење.
Начин на употреба: По чистење на лицето, со приложената пинцета извади еден тупфер. Со текстурираниот дел помини нежно по целото лице, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа искористи ја мазната страна за дополнително навлажнување. Продолжи со серум и крем. Чувај го производот во исправена положба по отворање. Не го превртувај садот бидејќи есенцијата може да истече.
-
MATRIGEN LipoExosome B-Archive Complex 10ml
1.890 денMatrigen Lipo Exosome B-Archive Complex е моќна есенција за затегнување на кожата и обнова на бариерата на кожата.
Оваа есенција (серум) пружа длабинска нега и го враќа младешкиот сјај на кожата. Овој револуционерен производ помага во интензивно производство на колаген и еластин во опуштената и слаба кожа, нудејќи брзо решение за затегнување и ревитализација.
Тоа е високо концентриран професионален серум кој ја користи најновата технологија на егзозоми и микрогранули од церамиди (ceramide beads) за да испорача витални хранливи материи и хидратација длабоко во дермисот. Неговата посебна карактеристика е комбинавијата на егзозоми и микрогранули од церамиди, која е дизајнирана да ја зајакне кожната бариера и ефикасно да спречи губење на влажноста, додека истовремено работи на намалување на брчките.
Што се Егзозоми и зошто се иднината на Anti-Age негата? Замислете ги егзозомите како интелигентни „микро-курири“ кои носат витални пораки за регенерација длабоко во вашата кожа, таму каде што обичните креми не можат да стигнат. Тие не делуваат само површински, туку директно комуницираат со вашите клетки, давајќи им сигнал да се „разбудат“ и повторно да почнат интензивно да произведуваат сопствен колаген и еластин. Оваа напредна технологија овозможува вистинско подмладување одвнатре-нанадвор, резултирајќи со кожа која е видливо позатегната, помазна и со обновен, младешки сјај.
Оваа напредна формула содржи супериорни состојки за максимална нега на зрела кожа:
- Екстракт од култура на калус од Leontopodium Alpinum (Еделвајс), кој е извор на егзозоми, обезбедува ефект на смирување, избелување, заштита и помага во спречување на стареењето на кожата.
- PDRN (Poly Deoxy Ribo Nucleotide) е парче ДНК извлечено од сперма на лосос, слично по структура на човечката ДНК, кое помага за зајакнување на кожната бариера и обезбедува влажност и исхрана. PDRN исто така промовира синтеза на колаген и помага во регенерација на ткивото.
- Церамид NP (Ceramide NP) спречува губење на влажноста од кожата, ја зајакнува кожната бариера и помага во подобрување на брчките. Тие се клучот за цврста и хидрирана кожа. Тие се природни липиди (масти) кои сочинуваат над 50% од заштитната бариера на вашата кожа. Нивната функција е како „малтер“ што ги држи заедно клетките на кожата, спречувајќи го губењето на влагата и бранејќи ја кожата од надворешни иританси и загадување. Со стареењето или при оштетување, нивото на церамиди опаѓа, што доведува до сувост, чувствителност и црвенило. Козметиката со церамиди ја обновува оваа бариера, обезбедувајќи долготрајна хидратација, ја смирува иритацијата и ја прави кожата цврста, мека и отпорна.
- Седум видови на пептиди помагаат за зацврстување на кожата, зајакнување на бариерата, активирање на циркулацијата и спречување на оксидативниот стрес, што резултира со здрава и затегната кожа.
- Течност од хумани матични клетки (Human Stem Cell Conditioned Media) помага во подобрување на брчките, хидрира, избелува и има смирувачки ефект, а богато е со фактори на раст.
За кого е наменет Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex? Наменет е за оние кои сакаат:
- Да ја зацврстат опуштената кожа и да ѝ ја вратат еластичноста.
- Да ја обноват грубата кожа која има потреба од специјална нега.
- Да се справат со брчките на лицето, вклучувајќи ги линиите околу очите, вратот и назолабијалните брчки.
- Длабински да ја исполнат својата кожа со хранливи материи и да го подобрат сјајот.
- Да обезбедат интензивна нега за линиите на кожата и работи на подобрување на густината на кожата, давајќи ѝ блескав и сјаен тен.
Начин на користење: Користете го Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex по чистење и тонирање на лицето, пред нанесување крем. Отворете го капачето. Одвртете го осигурувачот на задниот дел од контејнерот во насока на стрелките на часовникот и притиснете го копчето. Нанесете соодветна количина на критичните зони со брчки, околу очите, назолабијалните брички и брчките на вратот. Лесно тапкајте со врвовите на прстите додека серумот целосно не се апсорбира.
Со Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex откријте ја тајната за цврста кожна бариера и младешки сјај!
-
Numbuzin No.9 NAD Bio Lifting Essence 30ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.251 денCurrent price is: 1.251 ден.Опис на производот:
Numbuzin No.9 NAD Bio Lifting Essence 30ml е корејска есенција за лице наменета за кожа со намалена еластичност, фини линии, брчки, проширени пори и уморен изглед. Формулата комбинира NAD+ и 50 видови пептиди, кои помагаат кожата да изгледа поцврсто, поеластично и повитално.Ниацинамидот придонесува за порамномерен и посвеж тен, додека Sodium Hyaluronate, Beta-Glucan и Panthenol ја поддржуваат хидратацијата и мекоста на кожата. Антиоксидативниот комплекс со Glutathione, Resveratrol, Tocopherol, Ubiquinone, Thioctic Acid и Astaxanthin помага кожата да изгледа позаштитено, посјајно и поздраво.
Текстурата е свиленкаста и еластична, со таканаречен “lifting-sil” ефект, кој нежно ја обвиткува кожата и остава чувство на хидратација, мазност и природен glow.
Придобивки:
• Помага кожата да изгледа поцврсто и поеластично
• Придонесува за намален изглед на фини линии и брчки
• Ја хидрира и омекнува кожата
• Поддржува порамномерен и посвеж тен
• Помага кај уморна кожа со намален тонус
• Содржи NAD+ и 50 видови пептиди за anti-aging нега
• Има лесна, свиленкаста текстура што не остава тежок финиш
• Погодна е за секојдневна утринска и вечерна рутинаНачин на употреба:
Нанесете 2–3 пумпи на чисто и тонирано лице и врат. Нежно тапкајте или масирајте додека производот целосно не се впие. Може да се користи наутро и навечер. За дополнителна нега, нанесете уште еден тенок слој на делови со фини линии, како чело, назолабијални линии, предел околу устата и врат. Во утринска рутина задолжително продолжете со SPF заштита. -
Pyunkang Yul Essence Toner 100ml
721 денOriginal price was: 721 ден.649 денCurrent price is: 649 ден.Опис на производот:
Pyunkang Yul Essence Toner 100ml е корејски хидратантен тонер со лесна, но хранлива essence текстура, создаден за кожа на која ѝ е потребна хидратација, смирување и чувство на свежина.Формулата е минималистичка и содржи Astragalus Membranaceus Root Extract, познат и како Milk Vetch Root Extract, кој помага кожата да изгледа посвежо, помеко и похидрирано. Butylene Glycol дополнително ја поддржува хидратацијата, додека Arginine помага кожата да изгледа понегувано и поеластично.
Тонерот брзо се впива, не остава лепливо чувство и е погоден за секојдневна употреба, особено за сува, дехидрирана, чувствителна или уморна кожа. Може да се користи и во повеќе слоеви за дополнителна хидратација.
Придобивки:
• Ја хидрира и освежува кожата
• Помага кожата да изгледа помека и помазна
• Има лесна essence текстура што брзо се впива
• Погоден е за чувствителна и дехидрирана кожа
• Минималистичка формула со само 7 состојки
• Не содржи додаден парфем и бои
• Може да се користи во повеќе слоеви за “7 skin method”
• Погоден е за утринска и вечерна рутинаНачин на употреба:
По чистење на лицето, нанесете соодветна количина на дланките или на памукче и нежно распоредете по лицето. Тапкајте додека целосно не се впие. Може да се нанесе еден слој или повеќе тенки слоеви за дополнителна хидратација. Користете наутро и навечер, пред серум и крема. Во утринска рутина продолжете со SPF заштита. -
Sioris My First Essencer
1.790 денMy First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.
Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.
Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.