Your Vegan е бренд основан од Мина Баек, која исто така е основач на Somebykorea YouTube каналот со 160K претплатници, посветен на корејската козметика. Бројните следбеници на нејзината Instagram страница, 67.1К се доказ дека Мина е исклучителна личност и има вредни искуства кои ги споделува со своите следбеници.
„Пред 4 години го започнав својот бизнис продавајќи козметика од Кореја на клиенти ширум светот при што морав суштински да ги разберам потребите на клиентите за нивната нега на кожата согласно типот на кожата.
Оттогаш, секој ден и ноќ ги поминував курирајќи селекција на производи и разговарајќи со илјадници клиенти – и ја ценев секоја секунда од тоа.
Тоа е главната причина што го лансирав овој нов бренд за нега на кожа. Силната мотивација со која сакам да го направам мојот клиент задоволен е она што ме доведе до ова ново поглавје.
Со Your Vegan, бев инспириранa да одам подлабоко во мојата потрага да создадам најефикасни, трансформативни производи за рутината на корисниците, со состојки базирани на сознанието стекнато низ искуството за она што е важно. Мојата надеж е дека ќе ве инспирира и ќе создаде значајни врски и процес на трансформација.“ - Мина Баек, основач на Your Vegan
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Ampoule 45ml
1.150 денOriginal price was: 1.150 ден.690 денCurrent price is: 690 ден.Хидратација, смирување и грижа за порите во еденa моќна ампула.
Откријте го врвното решение за смирување и хидратација на кожата со оваа лесна, но моќна ампула. Формулирана со 71% вода од чајно дрво, ја чисти, освежува и смирува кожата, го намалува црвенилото и стимулира чиста и здрава текстура. Дизајнирана за балансирање на лачењето на себум, минимизирање на порите и длабинска хидратација, оваа ампула е совршена за масна, чувствителна и сите типови кожа.
Главни придобивки
- Смирување и хидратација – Ги намалува иритациите и ја задржува влагата во кожата
- Грижа за порите – Ги прочистува и минимизира порите
- Намалување на црвенилото – Ја смирува и балансира кожата
Одговара за
- Масна кожа
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Вода од чајно дрво (71%) – Ја прочистува кожата и создава чист и смирен тен
- Глицерин – Ја хидрира кожата, ја одржува нејзината еластичност и помага во намалување на фините брчки и сувоста
- Мадекасозид – Го спречува задебелувањето на кожата и затнувањето на порите
- Ниацинамид – Ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува појавата на проширени пори
Дополнителни карактеристики
- Сертифицирано од Англиското веганско здружение
- Безбедносно и хипоалергиско тестирано
- Без тестирање на животни
Начин на употреба
Нанесете соодветна количина на целото лице наутро и навечер, како дел од вашата рутина за нега на кожа. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Обезбедете ѝ на вашата кожа совршен баланс на хидратација, грижа за порите и смирување со оваа веганска, нежна и високо ефикасна ампула.