Враќање и замена
Купувачот има право да врати производ во рок од 15 дена од денот на испорака, под услов производот да биде во оригинална состојба, неупотребуван и неотпакуван, и да ги има сите оригинални етикети и ознаки.
Според Законот за заштита на потрошувачи, купувачот може да го замени производот доколку тој не одговара по формата, големината, моделот, бојата или бројот, а има соодветен квалитет. Замена на производот е можно само ако производот не е употребуван и ако се чуваат неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и фискалната сметка или фактура-испратница.
Ако во моментот на барањето за замена не е достапен соодветен производ, купувачот може да избере да го врати производот и да побара враќање на платениот износ.
Враќање на средства
ОЛПЕО овозможува рефундирање на средства за производите кои се нарачани или купени и платени од е-продавницата www.olpeo.mk, под долунаведените услови:
Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број +389 2 317 6743 или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@olpeo.mk со наслов „Рефундурање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.
Производот може да го вратите или замените во рок од 15 дена од денот на приемот на нарачката. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура). Така подготвен и запакуван, можете да го вратите производот во ОЛПЕО на адреса: Кеј 13 Ноември, 1000 Скопје, ГТЦ 1-ви кат. Во договор може да организираме достава/подигање од наша страна или да го испратите самите.
Доколку го враќате производот од причина што тој не ви одговара на вас по формата, големината, моделот, бојата или бројот, а има соодветен квалитет, трошоците за транспорт за враќање или замена ќе бидат на ваш трошок. Доколку производот е оштетен или нема соодветен квалитет трошоците за транспорт се на наша сметка.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена сметка, фактура или испратница во период од 15 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.
По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата www.olpeo.mk има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот, односно, корисникот на картичката со која било извршено плаќањето , односно на лицето на чие име била изготвена фактурата.