AROMATICA е корејски бренд кој во своите козметички производи се инспирира од традиционалното ориентално знаење за дејството на билките врз здравјето на луѓето и го обединува древното народно и медицинско искуство со најновите иновативни откритија на полето на козметиката. AROMATICA во својот истражувачки центар развива уникатен процес и патентирани формули кои ги поврзуваат природата и технологија. Поизводството го врши во сопствената фабрика која има ECOCERT сертификат за органско козметичко производство, притоа користи најдобри сертифицирани сурови состојки од проверени врвни производители ширум светот.
AROMATICA ја има девизата „Be safe and beautiful“, односно „Бидете безбедни и убави“. За својата нега можете со доверба да ги користите безбедните производи на AROMATICA.
-
Aromatica Tea tree Pore Purifying Clay Mask 120ml
1.860 денOriginal price was: 1.860 ден.1.488 денCurrent price is: 1.488 ден.Оваа маска содржи каолин и други глинени апсорбирачи за чистење на порите од вишок на себум и мртвите клетки на кожата, а како резултат се добива чиста и сјајна кожа. Маската од глина, исто така, со помош на ниацинамидот кој го содржи го регулира производството на себум, а со екстракт од чајно дрво ја смирува кожата .
Предности: Маската за миење е збогатена со каолин и екстракт од чајно дрво и служи за смирување и прочистување на кожата. Улогата на нијацинамидот е за намалување на вишокот секреција на себум. Исто така, помага во намалувањето на порите и нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата.
Како да се користи:
1. По чистењето на лицето и тонирањето нанесете обилна количина од пакувањето со маска . Нека стои 10-15 минути.
2. Потоа Измијте ја со млака вода.