Услови за испорака
По направената онлајн нарачка на производите, вашите податоци (име, презиме, адреса, e-mail, телефонски број, вид на производ и количина) влегуваат во нашиот систем и се испраќаат до компанијата која ја врши дистрибуцијата (Брза пратка или Ин пошта Радески). Испораката се врши преку надворешни партнери. Испорака не се врши по 15 часот во сабота, ниту во недела и државни празници.
Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши во рамки на работното време на ОЛПЕО и тоа од понеделник до петок од 09:00 дo 17:00 ч. Сите достави се вршат само во градови и населени места во Република Северна Македонија.
Периодот за испорака зависи од вашата локација. Стандардниот рок на испорака е од 3 до 5 работни дена од моментот на потврда на нарачката. За одредени рурални подрачја и помали населени места, испораката може да се врши еднаш или два пати неделно. Кога нарачката е направена после 17 часот, ќе се обработи следниот работен ден. Ако нарачката е направена во петок после 17 часот, сабота, недела или неработен ден, обработката на нарачката започнува од првиот следен работен ден, а испораката ден после тоа. Викендите и неработните денови не се пресметуваат во рокот на испорака.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ХИБРИДЕАС ДООЕЛ не може да превземе никаква одговорност
Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која е наведена при самата порачка. Ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката од страна на компанијата за достава за да го потврдите датумот и времето на испорака и доколку не сте во можнст во моментот ќе можете да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена во ОЛПЕО Скопје. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.
Со купување преку нашата интернет страница, можете да нарачате производи од било кој дел на светот, но испораката се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија. Вашите нарачани производи ќе бидат испорачани на адресата која ја наведете при креирање на нарачката. Оваа опција можете да ја користите ако сакате да подарите производ некому. Можете да побарате испорака на нивната адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.
За нарачки над 300 денари, испораката е бесплатна, за нарачки помали од 300 денари испораката чини 150 денари, на целата територија на Република Северна Македонија.
Со цел да се упрости и олесни процедурата за достава на производот, најдобро е да обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање/подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката.
При преземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Прием на производи
Производите се испорачуваат до влезната врата на вашата куќа или до влезот на станбената зграда.
Тие се пакувани во соодветна амбалажа за да се заштитат од евентуални оштетувања и се осигурани против губење или оштетување за време на транспортот.
Сите евентуални приговори треба да се поднесат веднаш на телефонскиот број за поддршка на корисници, на e-mail info@olpeo.mk, или директно кај лицето кое ја врши испораката. Во спротивно, сите подоцнежни рекламации за надворешни оштетувања на производите нема да бидат прифатени.
Враќање и замена
Купувачот има право да врати производ во рок од 15 дена од денот на испорака, под услов производот да биде во оригинална состојба, неупотребуван и неотпакуван, и да ги има сите оригинални етикети и ознаки.
Според Законот за заштита на потрошувачи, купувачот може да го замени производот доколку тој не одговара по формата, големината, моделот, бојата или бројот, а има соодветен квалитет. Замена на производот е можно само ако производот не е употребуван и ако се чуваат неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и фискалната сметка или фактура-испратница.
Ако во моментот на барањето за замена не е достапен соодветен производ, купувачот може да избере да го врати производот и да побара враќање на платениот износ.
Последни промени – 13.08.2024 год.