-
Facetheory Double Glow Exfoliating Face & Body Scrub 150ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.112 денCurrent price is: 1.112 ден.Постигнете помека и помазна кожа и спречете ја појавата на акни на лицето или телото со пилингот со гликолна и салицилна киселина на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗲 𝗔𝗻𝗱 𝗕𝗼𝗱𝘆 𝗦𝗰𝗿𝘂𝗯 𝗘𝟭 е производ за хемиски и механички пилинг кој е е интензивен кон нечистотијата, но доволно нежен за секојдневна употреба.
Гликолната и салицилната киселини помагаат да се исчистат затнувањата на порите и да се намалат проширени пори без да предизвикаат црвенило или иритација. Заедно со ситните зрца од јојоба ги отстрануваат вишокот маснотии од површината на кожата и мртвите клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Гликолната киселина (2%) е алфа хидроксилна киселина (АHA) која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата која ги врзува.
Зрнцата од јојоба се ситни зрнца од природен восок и се користат за физички пилинг. Поблаги се со кожата од лушпите од орев или пемзата (вулкански туф), и попријателски кон околината од пластичните микрогранули. Тие се мазни и не предизвикуваат иритација. Исто така се разградливи и мазни и не предизвикуваат микропукнатини на кожата.
Салицилната киселина (1%) е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките на кожата и нејзино обновување со што ја прави мека и сјајна. Го раствора себумот што ги затнува порите и ги чисти порите.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.
-
FAU Shiny Pumpkin Peel 60g
2.827 денOriginal price was: 2.827 ден.2.262 денCurrent price is: 2.262 ден.FAU Shiny Pumpkin Peel е нежен, но моќен пилинг кој ја измазнува текстурата на кожата без иритации. Овој прецизен ексфолијант истовремено обезбедува длабинска нега, збогатен со витамини, минерали и омега масни киселини од тиква, кои ја хранат кожата и ја прават посјајна и поизедначена.
Благодарение на комбинацијата на природни ензими од тиква со AHA и BHA киселини, ефикасно ги раствора грубите наслаги на мртви клетки и го измазнува слојот на кожата. По употреба, порите изгледаат прочистени, кожата е мазна и со природен сјај.
Главни придобивки:
- Деликатно отстранува мртви клетки и ја подобрува текстурата
- Ја осветлува и ревитализира кожата
- Ги намалува порите и го балансира тенот
- Ги комбинира придобивките на ензимски, AHA и BHA ексфолијанти
- Ја храни кожата со витамини, минерали и масни киселини
Клучни состојки:
- 38% екстракт од тиква – богат со антиоксиданси и хранливи состојки
- 10% прав од тиква – природно ексфолира и подобрува текстура
- Гликолна киселина (AHA) – ги раствора мртвите клетки и го подобрува сјајот
- Јаболкова киселина (Malic Acid) – освежува и хидрира
- Салицилна киселина (BHA) – длабински чисти и намалува пори
- Алантоин – ја смирува и заштитува кожата
- Екстракт од зелен чај (Camellia Sinensis Leaf Extract) – антиоксидативна заштита и смирувачки ефект
Како да се користи:
Нанесете Shiny Pumpkin Peel на кожата и оставете да делува според типот на кожата:- Нормална кожа: 10-15 минути
- Чувствителна кожа: 7-10 минути
Потоа нанесете Pumpkin Amino Therapy, оставете 30 секунди и нежно истријте пред да го исплакнете.
Со редовна употреба, кожата станува мазна, освежена и ревитализирана, со видливо подобрена текстура и природен, здрав сјај.
-
FAU Shiny Pumpkin Peel Care Cream 50g
1.144 денOriginal price was: 1.144 ден.915 денCurrent price is: 915 ден.FAU Shiny Pumpkin Peel Care Cream е крем-ноќна маска за домашен пилинг третман за свиленкасто мазна кожа.
Toa е концентриран пилинг крем што ви овозможува салонски третман во удобноста на вашиот дом. Благодарение на тројното делување на AHA, BHA и PHA киселиниte, ефикасно ги отстранува мртвите клетки, додека истовремено ја негува кожата со есенцијални аминокиселини кои помагаат во обновување и подобрување на текстурата.
Со редовна употреба, грубата кожа станува мазна, свиленкаста и здрава, додека процесот на регенерација се забрзува, правејќи ја кожата поотпорна и ревитализирана.
Главни придобивки:
- Нежно, но ефикасно ексфолирање благодарение на AHA, BHA и PHA киселини
- Ја обновува и измазнува текстурата на кожата
- Го поттикнува природниот процес на регенерација
- Ја хидрира и ја зајакнува кожната бариера
- Ја прави кожата свиленкасто мека и сјајна
Клучни состојки:
- Млечна киселина (Lactic Acid, AHA) – нежно ги раствора мртвите клетки и ја подобрува текстурата
- PHA (Поли-хидрокси киселина) – ја хидрира кожата додека ексфолира
- Салицилна киселина (BHA) – ги чисти порите и спречува комедони и акни
- Екстракт од тиква – богат со антиоксиданти и хранливи материи
- Комплекс од аминокиселини – ја зајакнува кожата и поттикнува природна регенерација
Како да се користи:
- Нанесете тенок слој на чиста кожа како ноќна маска, како последен чекор во вашата рутина.
- Оставете да делува преку ноќ и исплакнете со млака вода следното утро.
- Препорачано користење 1-2 пати неделно за најдобри резултати.
Shiny Pumpkin Peel Care Cream е совршен избор за оние што сакаат блескава, мазна и ревитализирана кожа, без потреба од агресивни третмани!
-
iUNIK Lime Moisture Mild Peeling Gel 90ml
621 денOriginal price was: 621 ден.497 денCurrent price is: 497 ден. -
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel 125ml
990 денOriginal price was: 990 ден.792 денCurrent price is: 792 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel е ежен пилинг кој ќе ви помогне да постигнете чисти пори и сјаен тен.
Тоа е иновативен пилинг гел кој нуди истовремена ексфолијација и хидратација за постигнување мазна и прочистена кожа.
Овој корејски пилинг користи уникатен „гомаж“ систем со природна целулоза и листови од чајно дрво кои нежно ги отстрануваат нечистотиите и комедоните без агресивно триење. Гомаж е специфична техника на ексфолијација (пилинг) која потекнува од Франција, а самиот збор во превод значи „бришење“ (како со гума за бришење). Тоа е метод кој се смета за „златна средина“ помеѓу механичкиот и хемискиот пилинг и е особено популарен во корејската козметика бидејќи е многу понежен од класичните пилинзи со зрнца. Под влијание на триењето и топлината од прстите, состојките во гелот почнуваат да се грутчат во мали бели топчиња кои делуваат како нежни магнети и ги „залепуваат“ за себе мртвите клетки од површината на кожата, вишокот себум и нечистотиите и притоа не ја гребат кожата. За разлика од грубите пилинзи со зрнца, овој гел обезбедува мека и ефикасна ексфолијација која ги отпушува порите и ја ревитализира кожата. Формулата комбинира нежни киселини како PHA (глуконолактон) и сукцинска киселина кои го изедначуваат тенот и ја откриваат природната блескавост на лицето. Присуството на хијалуронска киселина и пантенол гарантира дека кожата ќе остане длабоко хидрирана и освежена по секое користење, без чувство на сувост или иритација.
Неговата хипоалергена формула е збогатена со смирувачка центела и чајно дрво, што го прави идеален за смирување на иритациите и контрола на вишокот себум кај проблематичната кожа.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој пилинг гел е најдобар избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, но неговата нежна природа го прави соодветен и за најчувствителните типови кожа на кои им е потребна редовна неделна ексфолијација.
Клучни придобивки:
- Овој пилинг гел овозможува исклучително нежна ексфолијација која ефикасно ги отстранува мртвите клетки и ги чисти затнатите пори.
- Двојниот пилинг ефект со целулоза и листови од чајно дрво помага во моменталното отстранување на црнките и белите митесери.
- Комбинацијата на PHA и сукцинска киселина ја ревитализира кожата и и дава посветол и полуминизен изглед.
- Присуството на хијалуронска киселина и пантенол обезбедува длабока хидратација и спречува појава на затегнатост по пилингот.
- Неабразивната текстура ја прави формулата безбедна за употреба дури и кај иритирана и чувствителна кожа.
Клучни состојки:
- Водата од лист на чајно дрво (Tea Tree) е застапена со висок процент и помага во контрола на вишокот масло и смирување на акните.
- Целулозата делува како природен механички ексфолијатор кој при масажа ги собира нечистотиите во мали видливи топчиња.
- Екстрактот од Centella Asiatica интензивно го смирува црвенилото и го поддржува процесот на заздравување на кожата.
- Глуконолактонот (PHA) овозможува нежна хемиска ексфолијација која не предизвикува иритација кај сензитивната кожа.
- Салицилната киселина (BHA) и липохидроксилната киселина (LHA) работат синергично за длабинско прочистување на порите и спречување на нови воспаленија.
- Хијалуронската киселина, пантенолот и алантоинот обезбедуваат долготрајна влажност и смирувачки финиш на кожата.
Начин на употреба: По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од гелот на суви раце и нанесете го на суво лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните. Нежно масирајте со кружни движења додека не забележите како целулозата и мртвите клетки видливо се собираат во мали топчиња. Темелно исплакнете со млака вода. Се препорачува употреба 1 до 2 пати неделно за одржување на чист и мазен тен.
- Овој пилинг гел овозможува исклучително нежна ексфолијација која ефикасно ги отстранува мртвите клетки и ги чисти затнатите пори.
-
Yeouth Glycolic Acid 30% Gel Peel 30ml
2.360 денOriginal price was: 2.360 ден.1.510 денCurrent price is: 1.510 ден.𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝟯𝟬% 𝗚𝗲𝗹 𝗣𝗲𝗲𝗹 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е производ кој го препорачуваме за поискусните skincare корисници. Тоа е пилинг гел со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај.
Пилинг гелот со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 ги ексфолира мртвите клетки на кожата за да открие посветла, порамномерна и помазна површина на кожата.
Овој пилинг исто така помага да се минимизираат порите, комедоните и акните. Може да очекувате видливо подобрување на изгледот на фините линии, брчките, хиперпигментацијата и целокупната текстура на кожата.
Бенефит:
▪️ Продира во подлабоките слоеви на кожата, ги отстранува мртвите клетки и ги чисти порите за да открие почиста кожа.
▪️ Поттикнува здраво создавање на колаген.
▪️ Ги намалува фините линии и брчките.
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се избледи хиперпигментацијата и темните дамки.
▪️ Се бори со акните и комедоните.
▪️ Ги намалува порите.
▪️ Не содржи штетни состојки.
▪️ Дава загарантирани резултати.Употреба: Навлажнете го лицето и измијте го темелно. Нанесете го пилинг гелот на памучен тупфер и нанесете на лицето, избегнувајќи ја областа околу очите, ушите и усните. Пилинг гелот треба да стои на лицето само неколку минути и НЕ го оставајте повеќе од 8 минути. Исплакнете ја и темелно исчистете ја кожата со ладна вода. Во периодот кога го користите, мора задолжително да употебувате крем со заштитен фактор во текот на денот. Пред употреба мора да го прочитате деталното упаство и строго да се придржувате до него.
-
Yeouth Salicylic Acid Gel Peel 30ml
2.360 денOriginal price was: 2.360 ден.1.510 денCurrent price is: 1.510 ден.