Услови за Користење
Добредојдовте на интернет-страницата со домен www.olpeo.mk, која е во сопственост на ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Оваа страница е создадена за да ви овозможи лесен пристап до информации, споредби и купување на нашите производи и услуги.
Како посетител или корисник на нашата страница, важно е да се запознаете со условите и правилата за користење. Пред да продолжите со користењето на www.olpeo.mk, молиме внимателно прочитајте ги овие услови.
ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не презема одговорност за било какви последици ако не ги прочитате и разберете условите и правилата пред користењето на нашата страница.
Општи Услови
Добредојдовте на веб страната www.olpeo.mk, која е во сопственост на ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Оваа страница е дизајнирана за пристап до информации, споредби и купување на нашите производи и услуги, но нема да бараме или складираме информации за кредитни картички, банкарски сметки или слично. Сите нарачки направени преку нашата веб страница ќе бидат доставени на адресата која ја наведете во формата за нарачка, и Ваша е одговорноста да ги платите сите трошоци поврзани со тие нарачки согласно со условите за продажба.
Со пристапување на нашата веб страница и користење на нашите услуги, Вие се согласувате со Општите услови за користење, како и со сите применливи закони. Сите материјали на страницата се заштитени со Законот за авторски права, и употребата на било кој дел од страницата без дозвола е забранета.
Сите нови информации и промени што ќе се додаваат на веб страницата ќе подлежат на Општите услови за користење. Вие сте одговорни да ги следите најновите измени, кои ќе бидат објавени директно на оваа страница. Ако продолжите да ја користите нашата веб страница, се смета дека сте ја прифатиле најновата верзија на Општите услови.
Називите Hybrideas и Olpeo се заштитени трговски марки во сопственост на ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Секоја употреба на овие трговски марки без претходна писмена дозвола од сопственикот е строго забранета. ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги задржува сите права поврзани со трговските марки Hybrideas и Olpeo.
Целокупната содржина на оваа веб-страница, вклучувајќи ја структурата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, е интелектуална сопственост на ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и е заштитена со авторски права и сродни права. Секое репродуцирање, дистрибуирање, пренесување или користење на овие податоци без дозвола е забрането. Овие податоци може да се користат само за некомерцијални и лични цели, и не се дозволени никакви злоупотреби.
Информациите на оваа веб-страница имаат информативен карактер. Секогаш се трудиме да обезбедиме точни информации, но може да дојде до грешки или пропусти. За сите производи, ќе се потрудиме да обезбедиме фотографии кои ќе ја илустрираат формата и изгледот на производот. Веб страната може да ги објавува објавува информации за производите на англиски јазик кога:
– Постои ризик од губење на битни информации при преводот.
– Нема соодветна или слична терминологија на македонски јазик.
Нашиот целосен напор ќе биде да ја одржиме веб-страницата достапна 24 часа на ден. Во случај на привремени прекини или недостапност поради технички проблеми или надворешни фактори надвор од нашата контрола, не можеме да гарантираме постојан пристап.
Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.olpeo.mk се наведени во денари и вклучуваат ДДВ. ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје го задржува правото да ги менува цените во согласност со својата политика, без претходно известување. Ако цената се промени по приемот на нарачката, корекција ќе биде направена ако цената се намалила, ако цената се зголемила во тој случај корисникот ќе го плати производот по цената со која го нарачал. Купувачот е обврзан да ја плати цената која била актуелна во моментот на испраќање на нарачката. Во случај на очигледни технички грешки при внесување на цените, ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ќе ги извести купувачите кои направиле нарачка или уплата, а купувачот има право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката.
Цените на производите во редовна продажба важат за нарачки направени преку www.olpeo.mk. Попустите, промоциите и специјалните пакети се валидни исклучиво за купување преку веб страната. Количините на производите се ограничени и може да се случи нарачката да биде откажана поради исцрпување на залихите.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, или пак пакети од понудата на ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Нарачката може да се откаже, дополни или коригира во било кој момент пред финализирањето на плаќањето.
Регистрирањето на веб страната не е задолжително за остварување на нарачката, но е потребно да ги внесете сите задолжителни податоци за контакт, како и адреса за испорака.
По завршувањето на нарачката, на посочениот e-mail ќе добиете потврда за нарачката. Во случај на технички проблеми или грешки со веб страната, ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје има право да ја отфрли нарачката или да го прекине процесот на купување и не сме обврзани да обезбедиме било каква компензација, освен враќање на уплатените средства.
Купувањето може да се изврши со следниве платежни картички: Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro, American Express, Discovery и Diners (доколку има CVV2/CVC код). Наплатата се извршува преку нашата партнер банка НЛБ Тутунска Банка.
Ние го задржуваме правото да ја ограничиме продажбата на нашите производи за кои било лица или региони. Го задржуваме правото за да ги ограничиме количините на производите кои ги нудиме. Сите описи на производите се подложни на промена во кое било време, без претходно известување. Го задржуваме правото да престанеме со продажба на кој било производ.
Поддршка на корисници
За сите информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба, можете да не контактирате преку телефон на бројот +389 2 317 6743, достапен од понеделник до петок од 09:00 до 21:00 часот и сабота од 10:00 до 17:00 часот. Исто така, можете да се обратите преку нашата e-mail адреса, info@olpeo.mk, која е достапна 24/7.
Политика на приватност и заштита на лични податоци
Со нашата Политика на приватност, сакаме Ве информираме за начинот на кој ги собираме, користиме и заштитуваме Вашите лични податоци. Оваа политика се однесува исклучиво на нашата веб страница и поддомените, и не се однесува на веб-страници на трети страни на кои можеби ќе бидете упатени преку линкови.
Кога се регистрирате или купувате преку нашата веб страница, Вие се согласувате со нашата Политика за приватност. Сите лични информации што ќе ги внесете за време на регистрацијата или купувањето, ќе се користат за следење на Вашата нарачка, обработка на плаќања и за промоција на нашите производи и услуги, ако го изберете тоа. Вашите податоци ќе бидат чувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и нема да бидат споделени со трети лица, освен ако тоа е предвидено со закон.
Потребните информации при регистрација и/или нарачка вклучуваат:
Име и презиме
e-mail адреса
Адреса за испорака
Телефонски број за контакт
Вашите лични податоци ќе бидат заштитени и нема да бидат објавени, продадени или споделени со трети лица, освен со надлежните органи согласно законите на Република Северна Македонија. Ние го задржуваме правото да користиме IP адреси и други податоци за идентификација во случај на правни барања и постапки.
Можете во секое време да ги ажурирате, промените или коригирате Вашите лични податоци.
Компанията ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги применува највисоките стандарди за безбедност на податоци, покажувајќи посветеност на заштита на Вашата приватност. Сите податоци освен финансиските информации, кои ги собираме преку нашата веб-страница, се користат исклучиво за наши потреби (комуникација со корисниците, следење на нарачки итн.) и не се пренесуваат на трети лица. Финансиските податоци, како бројот на кредитна картичка, ќе бидат обработени исклучиво од НЛБ Тутунска Банка за наплата на Вашата нарачка преку сигурен платен портал.
Малолетни лица не смеат да доставуваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние не собираме намерно информации од малолетни лица и превземаме мерки за заштита на нивните податоци.
Сите промени во политиката ќе бидат објавени на нашата веб-страница најмалку 10 дена пред нивното стапување во сила.
Продажба на услуги или производи
Определени производи или услуги може да бидат достапни исклучиво преку оваа веб страница. Овие производи или услуги може да имаат ограничени количини на залиха и може да се вратат или заменат исклучиво преку правилата кои се содржани во Политиката за враќање.
Ние се потрудивме да ги прикажеме сите производи колку што е можно попрецизно и поблизу до реалната состојба, но Ве молиме имајте во предвид дека производите може да отстапуваат од оние на сликите. Не можеме да гарантираме дека боите и фотографиите ќе одговараат комплетно на реалната ситуација.
Вие имате право да го вратите производот неотпакуван, неискористен и со неоштетен код, доколку сметате дека не одговара на описот што е даден на веб страницата.
Ние го задржуваме правото да ја ограничиме продажбата на нашите производи за кои било лица или региони. Го задржуваме правото за да ги ограничиме количините на производите кои ги нудиме. Сите описи на производите се подложни на промена во кое било време, без претходно известување. Го задржуваме правото да престанеме со продажба на кој било производ.
Цените на нашите производи може да се променат без претходно известување.
Ние го задржуваме правото во кое било време да ги промениме цените и услугите или целосно да ги прекинеме, без претходно известување. Ние не може да се сметаме за одговорни кон Вас или трети лица за какви било промени, намалување или зголемување на цени и прекинување на услугите.
Ние го задржуваме правото да одбиеме или престанеме да ги нудиме нашите производи и услуги во кое било време од која било причина.
Вашите лични податоци може да бидат користени за да Ве контактираме и за да Ви ги доставиме нарачаните производи и услуги (телефонски, по пат на електронска пошта и домашна адреса). Исто така, разбирате дека личните податоци кои ги оставате на оваа веб страница може да се префрлаат електронски на повеќе уреди, со цел услугата која ја имате порачано да биде обезбедена.
Вие сте согласни да обезбедите точни податоци при нарачувањето за сите производи кои се нарачани преку нашата веб страница. Се согласувате навремено да ги ажурирате податоците на Вашата корисничка сметка и други информации, вклучувајќи електронска пошта, со цел да можеме да Ве контактираме за направените нарачки.
Ние го задржуваме правото да ги ажурираме податоците на оваа веб страница во кое било време, но немаме обврска да ги обновуваме податоците.
Дополнителни алатки и апликации
За користење на нашите услуги може да Ви дадеме пристап до алатки или апликации направени од трети лица над кои ние немаме влијание ниту контрола.
Свесни сте и се согласувате дека ние обезбедуваме пристап до таквите алатки и апликации такви какви што се, и за перформансите на истите не можеме да гарантираме. Ние немаме никаква одговорност во случај на проблеми поврзани со користење на алатките и апликациите што ги нудат трети лица.
Која било употреба на алатките и апликациите обезбедени од трети лица е на Ваш сопствен ризик и дискреција и на Ваша одговорност е да се запознаете со условите за користење на алатките и апликациите.
Овие правила важат и за услугите, алатките и апликациите кои ќе ги обезбедуваме и во иднина.
Гаранција за квалитет на производите и услугите
Не можеме секогаш да гарантираме дека користењето на производите, апликациите или услугите нема да биде прекинато, временски ограничено или без грешки. Не гарантираме дека резултатите кои може да се добијат при користење на овие производи ќе бидат точни или согласно Вашите очекувања. Се согласувате дека од време на време ние може да ги отстраниме нашите услуги на неопределено време или целосно да ги прекинеме, без да бидете претходно известени за тоа.
Се согласувате дека користењето на оваа страница и производите кои се достапни на неа вклучувајќи ги и апликациите кои се придружни членки е на Ваш сопствен ризик.
ХИБРИДЕАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, и фирмите поврзани со неа, нашите директори, службеници, вработени, соработници, партнери, агенти, практиканти, добавувачи или корисници на лиценца не се одговорни за каква било повреда, директно или индиректно предизвикани штети од каков било вид, вклучувајќи загуба на профит, заштеди, загуба на податоци итн.
Фактурирање и контакт во врска со производите
После секоја успешна нарачка, системот на нашата веб страница автоматски испраќа електронска порака до Вашата електронска адреса, во која се содржи автоматски генерирана фактура. За плаќање при испорака ќе Ви биде издадена фискална сметка заедно со производите на Вашата домашна адреса и истата треба да биде платена. Имате можност да изберете плаќање при испорака, плаќање со картичка онлајн или плаќање со банкарски трансфер. За секое плаќање со банкарски трансфер ќе ви биде издадена фактура и доставена заедно со производот по плаќањето.
Промени во Општите услови за користење
Последни промени – 13.08.2024 год.
Контакт
Сите прашања во врска со Општите услови за користење треба да се доставуваат на info@olpeo.mk
Kупувачот е запознаен со условите и правилата за користење на веб-страницата на www.olpeo.mk и се обврзува да ги почитува во целост.