-
BIODANCE Refreshing Sea Kelp Real Deep Mask 34g
349 денOriginal price was: 349 ден.244 денCurrent price is: 244 ден.Refreshing Sea Kelp Real Deep Mask е маска со моќнo смирувачко дејство која содржи 10% екстракт од морска алга. Оваа хидрогел маска е формулирана со 10% екстракт од морска алга, позната по своето смирувачко дејство пет пати посилно од центелата. Морската алга ја ублажува иритацијата, ја подобрува текстурата и го враќа балансот помеѓу водата и маснотиите во кожата. Идеална е за мрсна и кожа склона кон акни која има потреба од длабинско смирување и освежување.
Со редовна употреба, маската го намалува црвенилото и го смирува нерамномерниот тен, оставајќи ја кожата мазна, сјајна и видливо освежена. Обезбедува интензивна нега против акни, додека го подобрува природниот сјај на кожата.
Формулата содржи 5% морска вода од длабочините на морето. Богата со минерали, оваа морска вода обезбедува хидратација и помага во контрола на вишокот себум. Овој уникатен баланс ја активира смирувачката функција на маската и ја зајакнува заштитната бариера на кожата.
има хипоалергена формула која е безбедна за чувствителна кожа. Направена е од нетоксични и неиритирачки состојки, без алергени. Безбедна е за секојдневна употреба дури и кај најчувствителната кожа.
Клинички докажани резултати:
- Го подобрува изгледот на порите.
- Ја подобрува текстурата на кожата.
- Ја намалува дневната продукција на себум.
Препорачана за:
- Мрсна, кожа со вишок себум, комбинирана икожа склона кон акни
- Чувствителна кожа што лесно реагира на надворешни иритации
- Кожа со акни и нерамномерен тен
- Периодична чувствителност на кожата
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.
-
BIODANCE Rejuvenating Caviar PDRN Real Deep Mask 34g
349 денOriginal price was: 349 ден.244 денCurrent price is: 244 ден.BIODANCE Rejuvenating Caviar PDRN Real Deep Mask 34g е hydrogel маска за интензивна нега на сува, уморна и кожа со намалена еластичност.
Формулата комбинира Caviar Water, Caviar Extract, Salmon Egg Extract и Sodium DNA (PDRN) за хранлива и ревитализирачка нега, додека Niacinamide, Squalane, Allantoin и Adenosine помагаат кожата да изгледа похидрирано, помазно и поцврсто.
Бенефити:
• Содржи 600,000 ppm Caviar Complex
• Содржи Sodium DNA (PDRN)
• Содржи Salmon Egg Extract
• Обезбедува интензивна хидратација
• Помага во подобрување на изгледот на еластичноста
• Придонесува за пополн и помазен изглед
• Niacinamide придонесува за порамномерен и посјаен тен
• Squalane ја омекнува и негува кожата
• Allantoin и Guaiazulene ја надополнуваат смирувачката нега
• Adenosine ја надополнува anti-aging негата
• Погодна и за чувствителна кожа
• Придонесува за glass-skin glowНачин на употреба:
По тонер или серум поставете ја маската рамномерно на лицето. Во текот на денот оставете ја 3–4 часа или додека не стане транспарентна. За интензивна ноќна нега може да се остави преку ноќ и да се отстрани следното утро.