-
FAU Skin Solution SOS Travel Kit (toner 20ml, serum 5ml, cream 15g, mask 25g)
1.532 денFAU Skin Solution SOS Travel Kit е комплет за нега на чувствителна и иритирана кожа, идеален за патување или тестирање на производите од линијата. Комплетот содржи мини верзии на четири клучни производи за целосна рутина: тонер, серум, крем и маска. Формулирани со екстракти од центела азиатика, прополис и чајно дрво, овие производи се наменети за смирување на црвенило, хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Сетот вклучува:
-
Skin Solution SOS Toner (20ml) – Нежен, тонер со ниска киселост, со 80% центела вода за смирување и нега.
-
Skin Solution SOS Serum (5ml) – Ампула со 70% центела и 10% прополис, идеална за локално третирање на црвенила и акни.
-
Skin Solution SOS Cream (15g) – Калминг крем со 71% алое вера за регенерација и навлажнување на чувствителна кожа.
-
Skin Solution SOS Mask (1 маска) – Ладечка маска што ја намалува температурата на кожата и обезбедува моментално олеснување.
Клучни придобивки:
-
Дерматолошки тестиран за иритирана кожа
-
Хипоалергени формули за чувствителна и проблематична кожа
-
Лесно и безбедно за носење – идеално за патување
-
Природни состојки за хидратација, смирување и заштита на кожата
Активни состојки:
Центела азиатика, прополис, чајно дрво, алое вера, алантоин, камилица, портокалово и лимоново масло -
-
FAU Snow Cooler Small
1.050 денFAU Snow Cooler Small е професионална алатка за крио-масажа и моментално смирување на лицето. Наменет е за третмани во студија за убавина, но може да се користи и во домашни услови.
Овозможува моментално ладење на загреаната и иритирана кожа. Овој ергономски дизајниран кулер со мала димензија е специјално креиран за лицето и деликатниот предел околу очите. Не бара батерии ниту полнач, неговата напредна технологија ја задржува ниската температура долго време, нудејќи ви професионален третман за смирување секогаш кога ви е потребен.
Оваа алатка нуди вистински спас за кожата по инвазивни козметички третмани како микронидлинг или хемиски пилинзи, каде што инстантното ладење е клучно за намалување на црвенилото и отокот. Покрај тоа, FAU Snow Cooler е идеален за секојдневна употреба како дел од вашата анти-ејџ рутина, помагајќи во затворање на порите и зацврстување на тонусот на лицето преку природна стимулација со ниска температура.
Зошто е FAU Snow Cooler неопходен во вашата козметичка торбичка?
- Ги наамалува отоците. Тоа е идеално решение за утринска надуеност на лицето и подуеност под очите.
- Ги смирува иритациите. Моментално го олеснува чешањето и црвенилото предизвикано од алергии или убоди од инсекти.
- Тоа е најбрзиот начин за смирување на кожата по пилинг или дермапен третмани.
- Ги стеснува порите. Редовната масажа со студ помага во намалување на видливоста на порите и ја затегнува кожата.
- Тоа е долготрајна инвестиција, купувате еднаш и го користите со години, без трошоци за батерии или дефекти.
Кога да го користите FAU Snow Cooler Small?
- Кога лицето или очите ви се потечени по спиење.
- При чувство на чешање или пецкање на кожата на лицето.
- За смирување на кожата по професионални естетски процедури (микронидлинг, пилинг).
- Како дел од секојдневната рутина за стеснување на порите и лифтинг ефект.
- При воспаленија или црвенило во пределот на очите.
- По изложеност на сонце за брзо ладење на „изгорената“ кожа.
Начин на употреба: Чувајте го кулерот во фрижидер (или замрзнувач за поинтензивен ефект) околу 30 минути до еден час пред употреба. Нежно масирајте го лицето или пределот околу очите со кружни движења. По употреба, едноставно исчистете ја металната површина со мека крпа или алкохолно марамче.
-
FAU Spatula
134 денОваа висококвалитетна гумена спатула е незаменлив алат за секој професионален третман кој вклучува нанесување на маски во вид на гел или паста, а може да се користи и за нанесување наски во домашната нега на лицето. Дизајнирана е за лесно и хигиенско мешање на различни видови маски (алгинатни, глинени или кремасти) и нивно прецизно нанесување на лицето и вратот.
Благодарение на мекиот и флексибилен материјал, спатулата совршено се прилагодува на контурите на лицето, овозможувајќи рамномерен слој без трошење на производот. Не ја иритира кожата и е многу полесна за чистење од обичните четки, што ја прави похигиенска опција за долготрајна употреба.
Придобивки:
- Овозможува хигиенско нанесување. Спречува директен контакт на прстите со производот и кожата.
- Лесно се чисти. Остатоците од маската едноставно се плакнат со вода.
- Предност е и економичноста. Овозможува максимално искористување на маската без непотребно оставање на вишок во садот.
- Изработена од издржлив материјал, флексибилна гума која не ја менува формата.
Начин на употреба: Користете ја спатулата за да ја измешате маската додека не добиете хомогена смеса. Со рамниот дел од спатулата, нанесете ја маската на лицето со движења од центарот кон надвор. По употреба, веднаш измијте ја со млака вода и сапун.
-
FAU Star Glow Lip Plumper 5g
996 денКористете го FAU Star Glow Lip Plumper за инстант волумен и сјај за пополни, поатрактивни усни.
Добијте видливо пополни и дефинирани усни за неколку минути со FAU Star Glow Lip Plumper – сјај за усни со двојно дејство кој создава ефект како по третман со филери, без инјекции. Благодарение на термоактивната формула, производот генерира лесен ефект на загревање и ладење, што ja стимулира микроциркулацијата и резултира со природен волумен и сјаен финиш.
Зошто ќе го засакаш овој lip plumper:
-
Веднаш видлив ефект: Усните изгледаат пополни, подигнати и со нагласена форма по само едно нанесување.
-
Софистициран сјај: Обезбедува интензивен сјај кој ги прави усните визуелно поголеми и повпечатливи.
-
Хидратација и нега: Обогатен со ши путер, масло од авокадо и какао, го негува тенкиот слој на кожата на усните и спречува сушење.
-
Природни активатори: Capsicum екстракт и Vanillyl Butyl Ether создаваат безбеден и ефикасен ефект на полнење без иритации.
Клучни состојки: Vanillyl Butyl Ether, екстракт од пиперка (Capsicum), ментол, Shea путер, масло од авокадо, какао путер
Упатство за употреба: Нанеси го производот од внатрешниот дел на усните и полека разнеси го кон надворешниот раб. Може да се носи самостојно или над кармин.
-