Контакт
-
Кеј 13 Ноември 1000 Скопје ГТЦ 1-ви кат
Кеј 13 Ноември 1000 Скопје ГТЦ 1-ви кат
Comfort Me Panthenol Moisture Essence e есенција со млечна текстура која во својот состав има Niosome Panthenol и ѝ дава моќна хидратација на кожата. Оваа есенција е погодна за сите типови кожа, посебно за најчувствителната.
Овој производ содржи 11,000ppm од Niosome Panthenol, кој има подобра апсорпција од обичниот пантенол е состојка која первентивно делува на губење на влажност на кожата, длабоко хидрира и ја прави по сјајна.
Мадекасозидот пак е одговорен за заздравување на рани и хидратација. Цератенолoт пак помага за зајакнување на заштитната бариера на кожата.
Овој производ е хипоалерген, не содржи парфеми и е во зелена зона на безбедни состојки според класификацијата на EWG.
Rice Biome Bubble Peeling e благ дневен пилинг на корејскиот бренд MAKE P:REM. Тоа е пенлив пилинг со нежни меурчиња, формулиран со биом на ориз и LHA за да помогне во отстранување на мртвите клетки на кожата. Оризовиот биом е добиен од ферментиран ориз со lactobacillus, кој врши блага екфолијација а воедно ја остава кожата нежна и хидрирана.
Содржи влакна од јаболко и ниско-иритирачки пилинг LHA кој ја подобрува текстурата на кожата и го изедначува тенот.
Овој производ е наменет за сите типови кожа, посебно за најосетливата. Овој пилинг има меуреста формула со која се намалува и избегнува иритација на кожата.
Make P:rem Rice Biome Bubble Peeling е без синтетички мириси, без вештачки бои, без штетни состојки.
Make P:rem Safe Me. Relief Essence Toner е интензивно хидрантен тонер кој го зголемува нивото на влжност на кожата до 466,68%. Формулата pH-5,5 ја смирува и хидрира а истовремено го враќа природниот баланс на кожата.
Збогатен со растителни екстракти и навлажнувачки агенси за да направи вашата кожа да остане еластична во текот на целиот ден.
Воедно овој тонер во својот состав има церамиди, пантенол и LMW (мала молекуларна тежина) на хијалуронска киселина кои се одговорни за задржување на влажноста во кожата.
Употреба: По миењето на лицето, во првиот чекор од рутината за нега, нанесете соодветна количина на памучен тупфер. Нежно чистете го лицето, освен областа околу очите и устата, почнувајќи од внатре кон надвор.
Производот не содржи парфеми.
Make P:rem Safe Me Relief Moisture Cleansing Foam е нежно пенливо средство за измивање со неиритирачки и благи киселини кои длабински ги чистат порите од нечистотија. Многу лесно ја отстранува и шминката на лицето како и заштитниот филм од СПФ заштитните фактори.
Овој чистач ѝ ја дава потребната влажност на кожата, па затоа после измивањето нема да имате чувство на затегање на лицето. Одличен е за сите типови кожа, посебно за осетлива и иритирана.
Формулиран со екстракт од Мarrubium vulgare за заштита на кожата од надворешни штетни фактори и екстракт од плод од дрво баобаб за да ѝ помогне на кожата да ја задржи влагата
Safe Me. Relief Moisture Cream 12 на корејскиот бренд Make P:rem е брзо впивачки и моќен хидратантен крем со само 12 ефективни состојки кои не предизвикуваат никаква иритација. Во својата формулација содржи екстракт од малинна, сквалан и глицерин за да ја заштити кожата од пресушување и да ја врати нејзината влажност.
Исто така овој крем е хипоалерген, дерматолошки тестиран и не предизвикува никаква иритација на кожата, па затоа е идеален за сите типови кожа посебно за оние со нај осетлива, склона кон црвенило, иритации и чешање.
Safe Relief Cream на Make P:rem може да го употребувате наутро и навечер за да ја вратите свежината и потполниот сјај на вашето лице.