1.300 ден Original price was: 1.300 ден.1.248 денCurrent price is: 1.248 ден.
Нема на залиха
AMPLE:N Ceramide Shot Ampoule е блага, неиритирачка ампула од церамид збогатена со патентирана состојка Cerafull Complex од 50.000 ppm. Служи за хидратација и негување на кожата. Патентираната состојка Arctigenin ја зајакнува бариерата на кожата и и’ ја враќа еластичноста и сјајот. Алантоинот служи за смирување на кожата.
Предности:
Збогатена со 50.000 ppm Cerafull Complex™ за негување на сувата, иритирана кожа и за богата хидратација.
Патентираниот Arctigenin ефикасно ја зајакнува бариерата на кожата за да се добие здрава, сјајна кожа. Помага во спречување на губење на влагата и подобрување на текстурата и еластичноста на кожата.
Благата формула која содржи алантоин ефикасно ја смирува кожата и создава чувство на удобност. Тестирана е и не предизвикува иритација на кожата.
Како да се користи:
По користењето на тонер, рамномерно нанесете умерена количина на лицето и нежно тапкајте за целосно апсорбирање.
Тоа е серум со хидратантна гел текстура кој содржи Hyalugen и има освежувачки лифтинг ефект. Овој серум го подобрува тонусот на кожата, ја намалува појавата на фини линии и брчки и го забавува процесот на стареење. Идеален е за оние кои се соочуваат со сувост, губење на цврстина и еластичност, и нерамномерен тон на кожата.
Hyalugen е иновативна состојка на Mizon што комбинира нискомолекуларен колаген и високомолекуларна хијалуронска киселина во оптимален сооднос 7:3. За разлика од обичните комплекси кои ги комбинираат овие состојки со мешање, Hyalugen ги спојува овие две состојки во една преку хемиски процес, со што значително се зголемува нивната ефикасност.
Real Vitamin C Ampoule e серум кој содржи 19% најквалитетен чист витамин C со одлична продирачка моќ. Помага во подобрување на тенот, избелување на пигментираните дамки, намалување на порите, подобрување на еластичноста на кожата и во спречување на појавата на брчки.