1.190 ден Original price was: 1.190 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.
Серумот со азелаична киселина на Anua ја смирува црвената и иритирана кожа. Лесниот серум содржи 10% азелаична киселина, главна состојка за ублажување на акни, розацеа и хиперпигментација, додека хијалуронската киселина обезбедува долготрајна хидратација. Неговата убава зелена боја доаѓа од нежниот смирувачки комплекс на Anua од природни состојки, вклучувајќи вода од лисја од зелен чај, алое и цика. Внимателната избалансирана рамнотежа на смирувачките состојки го прави овој нежен серум одличен почеток за воведување на азелаична киселина во вашата рутина.
Формулиран со 10% азелаична киселина добиена од пченица и јачмен, овој серум ги таргетира бактериите што предизвикуваат акни и и’ помага на кожата да се обнови.
Збогатен со Anua’s Gentle Calming Complex™ (Нежен смирувачки комплекс на АНУА) направен од масло од син Tanacetum cinerariifolium, убихинон, вода од лисја од зелен чај, сок од лисја од алое и седум видови цика – комбинација што ја ублажува иритацијата и воедно и’ дава на формулата природна зелена нијанса.
Содржи хијалуронска киселина за привлекување и одржување на влагата, оставајќи ја кожата мека, полна и блескава.
Клинички докажано го намалува црвенилото во проблематичните области по само четири недели, така што тонот на вашата кожа изгледа поизбалансиран и порамномерен. Без груби состојки и вештачки мириси, овој серум е безбеден за сите типови кожа, вклучително и чувствителната.
Користете го серумот за смирување на црвенилото Anua Azelaic Acid 10 Hyaluron во вашата утринска или вечерна рутина. По чистењето и тонирањето, нанесете 1-2 капки рамномерно на лицето, а потоа нежно тапкајте за додека да се впие целосно. Потоа нанесете хидратантна крема.
Ако сте нови во употребата на азелаична киселина, почнете полека да го користите серумот 1-2 пати неделно за да ја прилагодите кожата. Откако кожата ќе се почувствува удобно, можете да го нанесувате двапати дневно и да ја зголемите дозата на 3-5 капки.
SKIN1004 Madagascar Centella Spot Cover Patch (22 парчиња) се лепенки за дискретна заштита и брзо заздравување на акните.
Тоа се тенки, хидроколоидни лепенки дизајнирани за ефикасен третман на акни и воспалени места.
Пакувањето содржи 22 лепенки во две различни големини (10mm и 12mm), што овозможува прецизно таргетирање на воспаленијата во зависност од нивната големина. Овие патентирани хидроколоидни лепенки се водоотпорни и одлично прилепуваат на кожата, што ги прави погодни за носење во текот на целиот ден или ноќ. Нивниот дискретен дизајн дозволува дури и нанесување на шминка директно преку нив, прикривајќи го воспалението додека работат на негово смирување.
Овој SKIN1004 производ е незаменлив дел од приборот за секој со кожа склона кон акни, бидејќи го забрзува процесот на регенерација и спречува создавање на лузни преку запирање на навиката за физичко истиснување на мозолчињата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба:
ANUA PDRN Hyaluronic Acid Hydrating Capsule Mist 100ml е лесен хидратантен мист со PDRN и хијалуронска киселина, создаден за интензивна хидратација, освежување и подобрување на изгледот на кожата. Фината магла рамномерно се распрскува и ѝ дава на кожата свеж, мазен и природно сјаен изглед.
Бенефити:
• Обезбедува моментална и долготрајна хидратација
• Помага во задржување на влагата во кожата
• Ја освежува сувата и дехидрирана кожа
• Придонесува за помазен и пополн изглед
• Го подобрува природниот сјај на кожата
• Лесна формула погодна за секојдневна употреба
• Практичен за освежување на кожата во текот на денот
Употреба:
Добро протресете пред употреба за рамномерно мешање на формулата. Затворете ги очите и испрскајте рамномерно на лицето од соодветно растојание. Може да се користи по рутината за нега или во текот на денот кога на кожата ѝ е потребна дополнителна хидратација.