1.131 ден Original price was: 1.131 ден.735 денCurrent price is: 735 ден.
1.131 ден Original price was: 1.131 ден.735 денCurrent price is: 735 ден.
ОПИС:
Ултра навлажнувачкиот крем збогатен со екстракт од праска 77+ помага во враќањето на влажноста на кожата. Богат е со церамиди, колаген, пантенол и протеини кои ја ревитализираат, хидрираат и омекнуваат сувата кожа. Овој богат крем ги хидрира и смирува грубите и иритирани делови, а воедно ја зајакнува и кожната бариера. Неговата полугел текстура ја забрзува апсорпцијата во кожата без чувство на маснотија. Ја прави кожата да изгледа мазна, свежа, полна и хидрирана. Длабоко продира во кожата. Ја ревитализира кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Ја смирува и омекнува кожата.
ДЕЈСТВО:
Кремот Anua Peach 77+ длабински ја хидрира и ревитализира кожата, благодарение на неговиот екстракт од праска од 77%. Ја подобрува еластичноста, ја смирува иритацијата и ја зајакнува бариерата на кожата. Формулата што не остава маснотии ја остава кожата мазна, свежа и полна.
Дерматолошки тестиран: Кремот Anua Peach 77+, збогатен со ниацин е погоден за сите типови кожа, дури и за чувствителната. Неговите хидратантни и смирувачки својства го прават идеален за сува, чувствителна и иритирана кожа. Лесната текстура е исто така добра за комбинирана и нормална кожа.
Без парабени. Без фталати.
Ondo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment е крем кој дава решение за темни дамки и хиперпигментација.
Со него ќе постигнете изедначен и блескав тен, бидејќи е специјално формулиран за третман за темни дамки и хиперпигментација. Оваа напредна формула, збогатена со моќни состојки кои се борат со хиперпигментацијата, ефикасно таргетира старечките флеки, флеките од акни или прекумерна изложеност на сонце.
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Може да сее траргетираат специфични делови на кожата. Се нанесува мала количина директно на темните дамки или хиперпигментираните зони. По потреба, може да се нанесе на целото лице или други засегнати делови од телото. За најдобри резултати, се користи два пати дневно, наутро и навечер.
Совет за заштита од сонце: Во текот на денот, задолжително користете крем со заштитен фактор (SPF) за да спречите дополнителни оштетувања на кожата.
Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment?
Состојки што прават разлика
• Трансексамичната киселина (2.2%) ја намалува хипер пигментацијата и спречува појава на нови темни дамки.
• Ниацинамидот (3.8%) ја осветлува кожата и го зајакнува нејзиниот бариерен слој.
• Арбутинот (3.5%) е природна состојка која делува на намалување на хиперпигментацијата и осветлување на тенот.
• Бисабололот (0.5%) го смирува воспалението и ја намалува иритацијата.
• Екстрактот од сладок корен е антиоксидант кој го изедначува тенот на кожата.
Совет за складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате неговата ефикасност.
Откријте ја моќта на Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment од Ondo Beauty 36.5 и постигнете изедначен и младешки изглед на вашата кожа.
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask е веганска маска од глина во практичен формат на стик, дизајнирана за брзо и лесно прочистување на порите и контрола на себумот. Оваа корејска маска комбинира моќни состојки за чистење со смирувачка нега, што ја прави идеална за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Форматот на стик овозможува прецизно нанесување без неред и контакт со рацете.
Маската содржи 5 видови глина (вклучувајќи 18% каолин и бентонит) кои делуваат како сунѓер за себумот, ефикасно апсорбирајќи го вишокот себум, нечистотии и комедоните. Клучна состојка за ексфолијација е правта од црвен грав (Phaseolus Angularis), кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата за помазна текстура. Истовремено, хималајската розова сол, екстрактот од азиска центела (4,9%) и екстрактот од алое вера ја смируваат чувствителната кожа и обезбедуваат хидратација, со 30% хидратантна есенција во формулата.
Екстрактот од центела кој го содржи овој производ е екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој Clay Stick е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која бара ефикасно, но неиритирачко решение за стеснување на порите и отстранување на комедоните и намалување на видливоста на себацеозните филаменти. Себацеозните филаменти се составени од мешавина на себум и мртви клетки на кожата кои природно се собираат околу фоликулот на влакното. Тие не се „блокада“ на порите како комедонитте, туку дел од нормалната структура на порите, но нивната видливост може да се намали. Маската делуваза да ги направи порите почисти и помалку видливи.
Формулата е без вештачки мириси и бои и е безбедна за дневна употреба.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: По миењето на лицето, нанесете ја маската директно од стикот на суво лице, избегнувајќи ги пределот околу очите и устата. Оставете ја да делува 3 до 5 минути. Исплакнете темелно со млака вода.