1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.131 денCurrent price is: 1.131 ден.
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.131 денCurrent price is: 1.131 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Spot Cream 20ml е крем за таргетиран третман за акни и чувствителна кожа.
Тоа е лесен гел-крем за локален третман, специјално формулиран за да обезбеди брзо олеснување на воспаленија, акни и чувствителни делови од кожата. Содржи 15% вода од чајно дрво и 1% TECA (високо прочистен екстракт од центела азиатика), кои заедно делуваат смирувачки, антибактериски и регенеративно.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
Наменет е за мрсна, чувствителна и акнична кожа која има потреба од прецизна и нежна нега.
Клучни состојки:
• Екстрактот од Centella asiatica е познат по своето силно регенеративно и смирувачко дејство. Ја поттикнува синтезата на колаген и помага во обновување на оштетената кожа
• Водата од чајно дрво (15%) пружа нтисептичка и антивоспалителна заштита
• TECA (Asiaticoside, Asiatic аcid, Madecassic аcid) е активен комплекс кој таргетира чувствителни и воспалени подрачја.
• Каламинот го апсорбира вишокот себум и го смирува воспалението.
• AHA, PHA и LHA се нежни киселини што ги отстрануваат мртвите клетки и ја прочистуваат кожата.
• Ниацинамидот го изедначува тенот и ги намалува темните дамки.
• Пантенолот ја храни, навлажнува и зајакнува кожата.
По својата текстура тоа е лесен, гел крем кој брзо се апсорбира без да остава лепливост, оставајќи свеж и матиран финиш.
Овој производ е совршен избор за сите кои се борат со појава на акни и воспаленија, а бараат ефикасно, но нежно решение кое нема да ја иритира кожата.
Серумот со азелаична киселина на Anua ја смирува црвената и иритирана кожа. Лесниот серум содржи 10% азелаична киселина, главна состојка за ублажување на акни, розацеа и хиперпигментација, додека хијалуронската киселина обезбедува долготрајна хидратација. Неговата убава зелена боја доаѓа од нежниот смирувачки комплекс на Anua од природни состојки, вклучувајќи вода од лисја од зелен чај, алое и цика. Внимателната избалансирана рамнотежа на смирувачките состојки го прави овој нежен серум одличен почеток за воведување на азелаична киселина во вашата рутина.
Формулиран со 10% азелаична киселина добиена од пченица и јачмен, овој серум ги таргетира бактериите што предизвикуваат акни и и’ помага на кожата да се обнови.
Збогатен со Anua’s Gentle Calming Complex™ (Нежен смирувачки комплекс на АНУА) направен од масло од син Tanacetum cinerariifolium, убихинон, вода од лисја од зелен чај, сок од лисја од алое и седум видови цика – комбинација што ја ублажува иритацијата и воедно и’ дава на формулата природна зелена нијанса.
Содржи хијалуронска киселина за привлекување и одржување на влагата, оставајќи ја кожата мека, полна и блескава.
Клинички докажано го намалува црвенилото во проблематичните области по само четири недели, така што тонот на вашата кожа изгледа поизбалансиран и порамномерен. Без груби состојки и вештачки мириси, овој серум е безбеден за сите типови кожа, вклучително и чувствителната.
Користете го серумот за смирување на црвенилото Anua Azelaic Acid 10 Hyaluron во вашата утринска или вечерна рутина. По чистењето и тонирањето, нанесете 1-2 капки рамномерно на лицето, а потоа нежно тапкајте за додека да се впие целосно. Потоа нанесете хидратантна крема.
Ако сте нови во употребата на азелаична киселина, почнете полека да го користите серумот 1-2 пати неделно за да ја прилагодите кожата. Откако кожата ќе се почувствува удобно, можете да го нанесувате двапати дневно и да ја зголемите дозата на 3-5 капки.