1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.131 денCurrent price is: 1.131 ден.
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.131 денCurrent price is: 1.131 ден.
Тоа се високолепливи лепенка за акни со овална форма, погодни за покривање на неколку соседни акни одеднаш.
ПРИДОБИВКИ
• Измазнување и смирување на акните
• Помага акните да исчезнат без лузна
• Силна адхезија (прилепеност) на рамномерно закривени области, како што се вилицата и линијата на косата
Наменети се за ќувствителна и оштетена кожа.
КАКО СЕ КОРИСТИ?
Исчистете го пределот околу проблематичните делови. Користете го по пилинг или пред тоник. Изберете поголема лепенка од делот на самото место. Ставете ја лепенката на сува кожа.
КЛУЧНА СОСТОЈКА
• Хидроколоид: Го впива секретот и одржува влажност за да спречи понатамошно воспаление.
Тоа е добро познатиот AC7 Spot Serum но во поголемо пакување.
AC7 Spot Serum е серум на корејскиот бренд Tisha ефикасен во отстранување на различните видови акни, со кој корисниците забележуваат значително подобрување по само една недела, до целосно отстранување на акните по 3 месеци употреба.
Погледнете ги на вториот слајд резултатите кај момче тинејџер кое го користеше Tisha AC7 Spot Serum секоја вечер во текот на 3 месеци.
На што се должи ефикасностa на Tisha AC7 Spot Serum?
Содржи комплекс од 11 клучни внимателно одбрани состојки ефикасни во борбата против акните, како салицилна, масло од чајно дрво, ниацинамид и екстракт од центела. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против акните е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата која ја создаваат лузните или инфекциите и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Кога козметичките производи со Phytosilica се нанесуваат и се втриваат во кожата, микроигличките прават микропроцепи во кожата и ги доставуваат активните состојки до најдлабоките слоеви на епидермисот со што повеќекратно се зголемува нивната ефикасност.
Слично на третманите со дермапен и дермаролер, производите со Phytosilica микроиглички го стимулираат природниот механизам на обновување на кожата.
Phytosilica микроигличките се невидливи за човечкото око. Благодарение на нивната мала димензија, козметичките производи на база на овој биоматеријал не предизвикуваат непријатно чувство при употребата.
Оваа технологија е регистрирана како безбедна во повеќе земји во светот, вклучително и EU и е одобрена од повеќе национални задравствени организации, како и американската FDA.