1.993 ден
Нема на залиха
За совршено чиста кожа, користете го 𝗡𝗮𝘁𝘂𝗿𝗮𝗹 𝗖𝗼𝗰𝗼𝗻𝘂𝘁 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗢𝗶𝗹 на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔.
Тоа е хипоалергено и лесно масло со нежен природен мирис, наменето за миење на лицето, кое не остава мрсна трага по миењето. Се препорачува како прв чекор од рутината, по кој следи чистење со пенливо средство за поефикасно чистење и повидливи резултати.
Со леснотија ја отстранува шминката, особено од областа околу очите, благодарение на својата високата способност за чистење. Нежно ја отстранува шминката без да ја иритира чувствителната област околу очите или самите очи.
Формулирано од природни масла ова масло е нежно кон кожата, но ефикасно ги отстранува и натврдокорните нечистотии и остатоци од шминка од лицето. Исто така ги чисти ситната прашина и нечистотиите од загадувачите од околината наталожени на кожата во текот на денот.
Главна улога игра маслото од кокос кое е ладно цедено и сертифицирано органско масло. Ја навлажнува кожата, оставајќи ја свежа.
По миењето ја прави кожата мека и свежа, оставајќи ја добро навлажнета и без чувство на сувост и затегање.
Направено е од неиритрачки природни состојки, без силикони, парабени и минерални масла. Тоа е безбеден производ со највисоко ниво на безбедност верифициран од EWG и вегански производ верифициран од The Vegan Society. Спакуван е во eco-friendly рециклирачка амбалажа.
Производот е cruelty-free.
1.993 ден
Нема на залиха
Beauty of Joseon Radiance Cleansing Balm е балзам за чистење што нежно топи шминка, себум и нечистотии од кожата. Формулиран со оризови трици и различни зрнести екстракти, овој балсам помага да се одржи кожата хидрирана и мека, без чувство на сувост.
Ориз + комплекс од зрнести екстракти – Оризот е клучна состојка во корејската традиционална нега на кожата. Во династијата Јосеон, оризовата вода била позната како „Beauty Water“, користена за постигнување на блескав изглед на кожата. Богата со амино киселини и минерали, оваа состојка длабински хидрира и ја заштитува кожата од сувост.
Земете соодветна количина и нанесете на сува кожа. Масирајте со кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Додадете малку вода за да се емулгира во млечно масло, потоа исплакнете со млака вода. За комплетно чистење, продолжете со пенлив чистач.