1.100 ден Original price was: 1.100 ден.970 денCurrent price is: 970 ден.
Нема на залиха
1.100 ден Original price was: 1.100 ден.970 денCurrent price is: 970 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Zombie Beauty Bloody Peel е моќен хемиски пилинг за целосна регенерација и ефикасно отстранување на недостатоците на кожата.
Тоа е висококонцентриран хемиски пилинг кој обезбедува професионални резултати во домашни услови преку интензивна ексфолијација на кожата. Овој „крвав“ пилинг содржи моќна доза од 17% AHA (гликолна киселина) која продира во површинските слоеви на кожата за да ги отстрани мртвите клетки и да го врати изгубениот сјај. Со својата специфична црвена боја и стабилизирана формула, овој производ е вистински третман за подмладување кој ја трансформира грубата и уморна кожа во мазна и здрава површина.
Покрај високиот процент на AHA, формулата е збогатена со BHA (салицилна киселина), која работи длабински во порите за да ги прочисти од нечистотии и вишок себум, со што директно помага во намалување на појавата на комедони и акни. Уникатната комбинација на екстракт од јаболко и витамин Ц помага во ревитализација и осветлување на уморниот тен, додека комплексот од црвени плодови „red food“ (домат, цвекло, пиперка и бобинки) обезбедува смирувачки и антиоксидантен ефект. Ова е интензивен третман кој бара само 60 секунди неделно за видливо минимизирање на порите и измазнување на текстурата на кожата.
Овој пилинг е идеален за лица со мрсна, комбинирана и нормална кожа кои бараат моќно решение против акни и хиперпигментација, но е не се препорачува за лица со многу чувствителна и лесно иритирана кожа.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба:
Важни предупредувања:
Постигнете помека и помазна кожа и спречете ја појавата на акни на лицето или телото со пилингот со гликолна и салицилна киселина на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗲 𝗔𝗻𝗱 𝗕𝗼𝗱𝘆 𝗦𝗰𝗿𝘂𝗯 𝗘𝟭 е производ за хемиски и механички пилинг кој е е интензивен кон нечистотијата, но доволно нежен за секојдневна употреба.
Гликолната и салицилната киселини помагаат да се исчистат затнувањата на порите и да се намалат проширени пори без да предизвикаат црвенило или иритација. Заедно со ситните зрца од јојоба ги отстрануваат вишокот маснотии од површината на кожата и мртвите клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Гликолната киселина (2%) е алфа хидроксилна киселина (АHA) која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата која ги врзува.
Зрнцата од јојоба се ситни зрнца од природен восок и се користат за физички пилинг. Поблаги се со кожата од лушпите од орев или пемзата (вулкански туф), и попријателски кон околината од пластичните микрогранули. Тие се мазни и не предизвикуваат иритација. Исто така се разградливи и мазни и не предизвикуваат микропукнатини на кожата.
Салицилната киселина (1%) е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките на кожата и нејзино обновување со што ја прави мека и сјајна. Го раствора себумот што ги затнува порите и ги чисти порите.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.